Ја возел 13 годишната ќерка врзана за задниот дел од комбето (видео)

Шокантно видео беше објавено вчера на интернет во Турција, кое било прегледано стотици илјади пати и станало најгледаното видео за толку кусо време.

Имено, еден турски брачен пар останале вчудовидени кога ги престигнало едно комбе, а на задниот дел виделе девојче врзано како багаж.

 
 

Откако снимката била објавена на интернет и се покренала неверојатна бура во јавноста, се огласил 22 годишниот брат на девојчето,  кој рекол дека не е така како што изгледа на прв поглед.

Имено, тој објаснувал дека таткото само и ја исполнувал желбата на својата ќерка, а така ја возел, врзана за помошниот дел за велосипеди, ,,само“ 400 метри.

  
 

Но, турската полиција веднаш го лоцирала по регистарските таблички и го привела на разговор.

Сѐ уште нема информации дали ќе биде покрената некаква пријава против таткото за загрозување на безбедноста на девојчето.

(261)

loading...

Вашиот коментар