Ќерката на Стив Џобс тврди дека татко ѝ пред неа симулирал секс

Седум години откако почина генијот кој стои зад „Епл“, косопственикот на „Пиксар“ и член на Управата на компанијата „Волт Дизни“, Стив Џобс, неговата ќерка Лиза Бренан Џобс напишала мемоари во кои открила каков однос имала со својот татко.

Иако веќе порано се пишуваше за тоа дека Лиса коментирала дека нејзиниот татко бил „злобен и чуден“, овие мемоари донесуваат нови вознемирувачки детали.

 
 

Како што наведува Лиза, Стив, наводно, пред својата ќерка симулирал секс, односно речиси имал секс, со својата тогашна сопруга Лорен Пауел Џобс. Делот кој привлече најмногу внимание од целата книга експресно се прошири по медиумите ширум светот.
Таа пишува дека Стив еднаш додека имал секс со сопругата барал и Лиза да биде во собата и да присуствува на тој „семеен момент“.

– Ја привлече кон себе и ја бакна, поместувајќи ја неговата рака кон нејзината дојка, а притоа театрално стенкаше. Кога сакав да ја напуштам собата, ме запре. Ми рече да останам, бидејќи имаме семеен момент, а важно е да се обидам да бидам дел од ова семејство. Седев мирно и гледав настрана, додека тој воздивнуваше и се триеше од неа – рекла Лиса.

  
 

Иако тврди дека никогаш сексуално не ја злоупотребувал, нејзината мајка во своите мемоари ја потврдила истата приказна и рекла дека Стив ја исмејувал својата ќерка и правел непријатни шеги на тема на сексуалност. Лиза инаку е прво дете на Стив со кого никогаш не изградила близок однос, бидејќи со години не сакал да го признае татковството.

(180)

loading...

Вашиот коментар