10 Мистерии од кои ќе ве полазат морници!

Светот е исполнет со мистерии, но како што навлегуваме подлабоко во ерата на технологијата непознатиот дел малку по малку се разбиструва. Сепак, има неколку мистерии кои не можат да се решат. Тоа е тој морничав дел.

Погледнете некои од нив и самите проценете дали ќе верувате или имате логично објаснување.

 
 

Зелените деца
Во 20иот век, во Англија, земјоделци работеле на својата нива кога сретнале мало момче и девојче, но тие не изгледале како луѓе. Нивната кожа била дречлива зелена боја и нивната облека била креирана од материјал за кои земјоделците не знаеле ниту пак виделе.

Image result for green children

  
 

И покрај оваа необичност, децата збореле меѓусебно на непознат јазик. Било очигледно дека децата се прегладнети, ама тие одбивале да јадат се освен грашок. Подоцна развиле и вкус за друга храна. Момчето починало за многу брзо време, а сестрата по некое време ја загубила нејзината зелена боја и научила англиски.

Image result for green children

Таа велела дека таа и нејзиниот брат потекнуваат од земјата на св. Мартин, место во подземјето, без допир од сонцето со што сите жители биле со зелена боја. Мистеријата е од кое место поттекнуваат децата и што се случило за да ја добијат таа боја стаписува и скептици и верувачи, до ден денес.

Случајот со железните маски
Во Рио де Жениро, Бразил, во 1966 година, младо момче пронашло две машки тела кои припаѓале на Мигел Хозе Виена и Мануел Пијера де Круз. Двајцата мажи работеле во областа на електротехниката. Двете тела биле пронајдени во формални одела, со празно шише вода меѓу нив и два мокри пешкири.

Image result for lead masks case

На телата немало знаци на насилство но, зачудувачки, секој од мажите носел оловна маска која го заштитувала пределот на очите. Но најзбунувачкиот доказ бил тетратка оставена на сцената, во која биле дадени мистериозни инструкции која им диктира на мажите да бидат таму, на таа локација, во 4 часот и 30 минути и да изедат две капсули по два часа. Како точно починале мажите е се уште непознато, но многу сметаат дека тие се обиделе да комуницираат со суштества не од овој свет. Никој не знае дали починале од предозирање, или од тоа што го виделе.

Фантом Берберот
Во далечната 1942 година, Мисипи било преплавено со работници кои граделе бродови за втората светска војна. Со околу 15000 луѓе кои секојдневно стигале, голема е шансата да се најде индивидуа која сеела страв со сам поглед. Тој човек бил бербер, кој се посветувал на жени и млади девојки. „Фантом Берберот“, како што го нарекувале, се прикрадувал во куќи доцна навечер, преку подотворените прозори и ги шишал девојките на грозоморен начин со што и ја создавал својата колекција на коса.

Берберот влегол во вкупно десет куќи, се до апсењето на Вилијам Долен, германски хемичар. Ова ја убедило полицијата дека го нашле човекот, но многу веруваат дека берберот само одлучил соодветно време за да прекине. Да продолжел со серијата провалувања, можеби немало да сече и собира само коса…можеби грла.

Плажите со пресечени стапала
Тие што го посетиле Салишкото море, треба да внимаваат од нешто што е навистина бизарно и преплашувачко, човечки нозе.

Related image

На 20ти август 2007 година, пресечена десна нога на маж била пронајдена во чевла, на островот Џебедаја во Канада. Но не завршил случајот само таму. Од тогаш, неверојатно случајот се повторил уште 15 пати, со тоа што пресечени нози биле пронајдени насекаде по различни плажи, пренесени од водата.

Image result for beaches of severed feet

Уште еден вознемирувачки факт е дека секоја нога била десна, со само две леви, и се совпаѓале со пронајдените десни. Претпоставените немаат поим, зошто стапалата продолжиле да се појавуваат од теории дека е всушност болна шега или пак дела на сериски убиец. Оваа мистерија се уште се испитува, буквално „чекор по чекор“.

Кој ја Стави Бела во Белиот Брест?
Во април, 1943 година, 4 млади момчиња кои ловеа животни, пронашле тело на жена заглавена во шуплив бел брест.

Image result for who put bella in the wych elm

Кога полицијата го испитувала местото на злосторството, забележала дека на жената и недостасува едната дланка. Полицијата подоцна ја пронашла прилично подалеку од каде што било скриено телото. Во устата на жената било пронајдено тантела, материјал добро познат во тоа време, и заклучиле дека таа всушност се угушила меѓу октомври 1941, 18 месеца пред да е пронајдена. Во 1944та година, графити започнале да се појавуваат околу пределот со прашањето „Кој ја стави Бела во Белиот Брест?“.

До денес, жртвата, убиецот и графити артистот, не се идентификувани. И уште побизарно, локацијата на скелетот на бела е непозната, како и извештајот од обдукцијата.

Стапалките на Ѓаволот
Утрото, во ноември 1855 година, жителите на Девон Дорсет во Англија, се разбудиле со снег на нивните прозори што веел преку ноќта. Но, имало момент на нешто што ги запрепастило и ги запрепастува луѓето до ден денес. Во снегот откриле стапалки од копита, кои изгледале како да го прошетало целиот град.

Image result for devil's footprintsImage result for devil's footprints

Бизарниот момент е тоа што стапалките продолжувале и на крововите, и по ѕидовите и во водоводите на околните куќи. Стапалката била долга 10 сантиметри, и седум сантиметри широка. Патот на стапалките изнесувал меѓу 60 и 160 километри.

Но, ретко на прав пат. Жителите кои ги виделе стапалките, твррделе дека се всушност на самиот Ѓавол, или пак некој демон што ги прогонува граѓаните.

Прекривката од Торино
Прекривката од Торино е ленена крпа долга 4 метри со одраз за кои многу веруваат дека е одразот на Исус Христос.

Индивидуата на крпата има брада, мустаќи и долга коса. Тој е гол и ги прекрива своите препони со дланките. Тој има видливи одбележја и рани на своите раце, половина и чело кои наликуваат на оние на Христос по неговото распнување на крст.

Image result for shroud of turin

Многу луѓе, вклучувајќи ги и научниците веруваат дека е вистинската прекривка со која бил прекриен Христос кога бил погребан. Оваа прекривка ќе докаже кога всушност тој воскреснал. Секако теоријава е се уште силно дебатирана особено после испитувањата во 1988 година. Истражувањето открило дека крпата датира од 1960та но религиозни експерти се сомневаат во валидноста на овие тестови, така што потеклото на прекривката од Торино останува мистерија.

Семејството Содер
На Божиќ 1945та година, Џени Содер се разбудила кога веднаш видела дека куќата и гори. Бегајќи со нејзиниот сопруг Џорџ, Џени сфатила дека пет од нејзините деца се уште во куќата. Веднаш, семејството пробало да стигне до децата со викање дури и качување во зградата но немало никаков одговор. Кога пристигнале пожарникарите, домот на Содер семејството бил изгорен до непорвратлив степен, но неверојатно немало трага од исчезнатите деца.

Image result for sodder family

После тоа, многу тврделе дека децата не биле во куќата кога изгорела, затоа што немало глас од страна на децата кога пожарот избувнал во куќата и дека немало пронајдени тела во пепелта. Семејството изнајмило приватен детектив, да ги пронајде исчезнатите деца ама дури и тој самиот исчезнал.

Мистеријата околу Светилникот на Флананските Острови
Во далечната 1900 година, точно година по градењето, светилникот на Флананските Острови, бил местото на една од најбизарните исчезнувања во историјата на Шкотска. Во 12 часот, кај светилникот пристигнал брод. Томас Маршл, Доналд Мекартур, и Џејмс Дукат биле тројцата кои престојувале во светилникот и требало да го дочекаат бродот. Но, го немало знамето на светилникот и никој не им одговорил на повиците од екипажот, ниту на свирките од бродот ниту пак на повикот за тревога од капетанот.

Кога стапиле на брегот, екипажот забележал дека вратата на светилникот е отклучена но немало никој таму. Чудото продолжува. Внатре во светилникот биле поставени три недопрени оброци, превртени столици и бизарно, сите часовници застанати.

Image result for mystery flannan lighthouse

Телата на престојувачите на светилникот не биле никогаш пронајдени.

Инциденот на Дјатловиот премин
Во јануари, 1959 година 10 скијачи и планинари, се упатиле од Визај кон планината Урал, на екпидиција. Еден од планинарите, Јуриј Јудин останал само два дена поради болест а останатите планинари и скијачи не успеале да стигнат го дестинацијата.

Related image

На 26 февруари, пребарувачи го пронашле шаторот на групата целиот искинат од внатрешната страна. Трагите пронајдени од планинарите воделе надвор од кампот. Планинарите односно го искинале шаторот и избегале од местото како да ги бркало некој или нешто.

Image result for dyatlov pass

Тие избегале со таква брзина што своите алишта и чевли ги оставиле во кампот. 6 тела на планинарите биле пронајдени смрзнати, но на останатите тројца им биле пронајдени знаци на насилство а најстрашното нешто е дека една од жените планинари и биле извадени очите и јазикот. До денес не се знае што точно се случило за да предизвика толкава паника кај искусните планинари.

(298)

loading...

Вашиот коментар