10 работи од Германија за кои другите земји можат да сонуваа

Германија е земја во која се пијат 8 милијарди литри пиво секоја година и жените можат да ги остават своите мажи во градинка. Звучи одлично, зарем не?

Интересни работи во Германија, за кои другите земји можат само да сонуваат.

 
 

Играње пинг понг на семафор
Германците многу ценат безбедност, па кога ќе се вклучи црвеното светло можат да играат пинг понг на направата поставена покрај семафорите.

На тој начин пешаците се во помало искушение да претрчуваат преку улицата на црвено затоа што можат да играат додека се вклучи семафорот.

  
 

Неверојатно љубезни полицајци
Гермнските полицајци се многу ценети во својата земја. Според неодамнешна анкета, Германците многу повеќе им веруваат на полицајците отколку на лекарите и работодавачите.

Пивски рај
Германците годишно пијат до 8 милијарди литри пиво. Имаа повеќе од 5.500 видови пиво и го пијат скоро насекаде, без да имаат проблеми со законот.

Имаат и Октоберфест, еден од најпознатите фестивали на пивото во светот. Секога година го посетуваат 7 милиони луѓе и во рок од две недели се пијат над шест милиони литри пиво, се јадат 140.000 колбаси и се крадат илјадници кригли, што според законите е прекршочно дело.

Расположените гости за време на фестивалот губат околу илјада лични карти, 400 клучеви и 300 очила за сонце.

Точност
Германците не сакаат да доцнат и многу се загрижени кога некој ги чека.

Еден Германец на социјалната мрежа сподели фотофрафија на која има писмо со извинување и колачи, кои ги добил од одговорните лица на германските железници поради доцнење на возот.

Паркинг за дами
Во Германија се трудат да го олеснат животот на секој можен начин.

На пример, во трговските центри постојат паркинг места за жени кои се поблиску до влезовите во продавниците. Ова е од безбедносни причини, но и поради тоа што жените кога купуваат носат тешки ќеси.

Бесплатни игралишта од соништата
Во секој град во Германија постојат прекрасни игралишта за децата. Тие се големи, направени по строги безбедносни стандарди и прилагодени на сите временски услови.

Велосипедисти од мали нозе
Уште во 4. одделение практично и теоретско се учи возењето велосипед под надзор на полицијата. Часовите се во рамките на основното образование. Потоа децата полагаат со што стекнуваат право да управуваат со велосипед на велосипедските патеки.

Оваа активност не е задолжителна, но поголемиот дел од Германците се одлучуваат за часовите.

Во Германија постојат строги казни за неправилно управување со велосипед. На пример, на возење без раце ќе добиете казна од пет евра, а за разговор на телефон за време на возење казната е 55 евра.

Кражба по нарачка
Од скоро постои нов вид професија во Германија. Ако сопственикот на некоја продавница забележи дека одреден тип на производи „исчезнува“, а не разбира како и зошто, може да ангажира специјална фирма за „кражба по нарачка“.

Градинка за сопрузи
Во поголемиот дел од гемрнаксите продавници постојат соби наменети за деца, но во Хамбург е измислено нешто поинтересно – градинка за сопрузите. Жените таму можат да ги остават своите мажи за да можат во мир да шопингуваат.

Ним им е понуден ручек и две шишиња пиво. Покрај специјално тренирани дадилки кои се грижат за нив, тие на располагање имаат и книги, видео игри, весници, телевизија и во шест часот попладне жените треба да ги соберат, а тие ќе им ги понесат ќесите од шопингот.

Одличен германски хумор
Виршлите се наменети за фудбалските фанови.

Енергетскиот пијалак е со вкус на колбас и сос од кари.

(223)

loading...

Вашиот коментар