16 работи кои се забранети во Северна Кореја

Светот е сè повеќе заинтересиран за Северна Кореја. Нејзиниот лидер и влада постојано се обидуваат да ја заштитат нацијата од надворешни влијанија, на пример, контролирајќи какви им се фризурите или облеката на граѓаните. Сето ова нè тера да сакаме да дознаеме повеќе за луѓето од Северна Кореја и нивниот животен стил.

16. Западњачка мода и облека, но но, тепаат по рачето…

 
 

Севернокорејскиот лидер Ким Јонг-Ун ги забранил фармерките и други видови про-западни парчиња облека во двата региони што граничат со Кина. Пјонгјанг се обидува да се бори против влијанието на западната културата, која се прелева од кај нивниот голем сосед.

  
 

15. Coca Cola

Трговското ембарго на Кока-Кола наметнато врз Северна Кореја го отежнува фактот дека многу е тешко да добиете пристап до достојна замена за неа, или пак, не дај боже до оригиналот. Сепак, се забележува дека во некои полуксузни продавници и маркети во Пјонгјанг се продава кока-кола произведена во Кина.

14. Фризури

Ким Јонг-ун дозволува само 18 фризури за жени и 15 за мажи. Ниту една од фризурите не дозволува промена на бојата на косата, па затоа може да ви представува голем предизвик да купите боја за коса ако сте на одмор во Северна Кореја.

13. Влошки и тампони

Санитарните влошки и тампони како што ги знаеме не се достапни во Северна Кореја. Тоа заборавете. Жените користат ретро влошки за повеќекратна употреба.

12. Кондоми

Сите видови на контрацептиви се забранети во Северна Кореја! Таму, доаѓањето до кондом е многу тешка задача. Многу возрасни Севернокорејци со задоволство ќе ги прифатат кондомите како подарок, така да, да не се срамите…

11. Недвижнини

Севернокорејската влада исклучиво ги поседува правата на земјиште и имот. Ова прави практично невозможно да се купуваат и продаваат куќи или станови. Сепак, луѓето од Северна Кореја пронашле начини да го прават тоа, што доведе до олеснување на законите оваа година.

10. Дизајнерски чевли

Ако се случи да бидете во Северна Кореја и размислувате да купите еден пар Manolo Blahniks за спомен, тешко дека ќе најдете. Чевли на дизајнери не се достапни, освен во регионите кои граничат со Кина, што може да имаат кинески високи потпетици.

9. Новогодишни елки

Северна Кореја официјално е атеистичка земја. Сите форми на религиозни практики се забранети или силно надгледувани од владата. Затоа, не можете да купите или да поседувате божиќни украси како што се новогодишни елки.

8. Старбакс

Сликата од лево може да ве збуни, но вистината е дека таа фотографијата е лажна. Тоа е само шега направена од туристи во посета на земјата. Ако сакате да пиете кафе во Пјонгјанг, треба да посетите едно од таму познатите кафулиња Ryongwang.

7. Кабловска

Во земјата има само 4 официјални ТВ-канали и сите се со вести и пропаганда. Цензурата од страна на владата е толку силна што не дозволува друг вид телевизија.

6. Про-западни списанија

Пропагандната машина на Северна Кореја ги забранува сите видови странски медиуми. Владата и специјалните агенции контролираат и следат се што е отпечатено во печатот. Нема списанија за начин на живот, совети за домаќинки, убавина, спорт и слично. Единствените списанија што ќе ги најдете во Северна Кореја ќе бидат од образовен или политички “јуше” карактер.

5. Wi-Fi и интернационални повици

Од вкупно 15 милиони жители, речиси едвај еден милион Севернокорејци да поседуваат мобилен телефон. Сепак, тие не смеат да прават меѓународни разговори. Постојат и ограничувања за користење на 3G мрежата. Странците кои влегуваат во земјата можат да купат pre-paid SIM картичка за да остваруваат повици само во странство.

4. Музички концерти

На многу малку странци им е дозволено да настапат во Северна Кореја. Така, одење на концертот на вашиот омилен бенд во Северна Кореја е надвор од умот. Единствениот бенд што му беше дозволено да настапи беше словенечкиот бенд наречен Laibach. Тие имаа концерт во Пјонгјанг уште во 2015 година. Наместо тоа, луѓето може да присуствуваат на концертите на локалните бендови.

3. Ејпл

Постои забрана за продажба на секаков вид модерна високотехнолошка направа во Северна Кореја. Купување на Apple iPad не е возможно. Сепак, Северна Кореја има развиено свој таблет кој може да биде достојна замена за било кој од западните.

2. Спортски автомобили

Уште едно луксузно добро што е речиси 100% недостапно е спортскиот автомобил. Речиси е невозможно да се купи скап спортски автомобил поради санкциите од Обединетите нации и Европската унија.

1. Одмори во странство

Севернокорејците не смеат да одат на одмор во странство. Ова е кршење на човековите права, но луѓето од Северна Кореја веројатно не се ни свесни за овој факт.

Севернокорејските лидери се обидуваат да ја заштитат својата земја од надворешното влијание. Тие забрануваат многу работи, но светот во кој живееме постојано се развива. Во тој правец, за очекување е и Северна Кореја да оди по некоја траекторија. Луѓето таму и нивниот начин на живот полека се менуваат, благодарение на соседите на север и на југ.

(228)

loading...

Вашиот коментар