65 годишен маж стана најстарата личност со пресадено лице

7 години Маурис Десџардинс живеел во макотрпна болка откако лицето сосема му беше изобличено во несреќа за време на лов. На 65 години стана најстарата личност со трансплантирано лице, поради што може да изведува едноставни активности како џвакање на храна, пренесува The National Post.

Канаѓанецот бил  повреден во 2011 година за време на лов, а несреќата му го оштети нервот на лицето, мускулите и коските. Тимот, кој вклучуваше 9 хирурзи и стотина од друг медицински персонал на чело со д-р Даниел Борсук во болницата Maisonneuve-Rosemont во Монтреал, оперираше 30 часа.

 
 

Подготовката траеше пет години, кога тимот на Борсук постојано вежбаше и чекаше соодветен донатор како би можеле да пресадат лице од една на друга личност. Операцијата беше изведена во мај, но болницата ги објави деталите во средата.

“Оваа деликатна операција беше резултат од една година внимателна работа на неверојатна екипа, неверојатна храброст и соработка на пациентот и неговото семејство”, рекол Борсук на конференцијата за медиумите. За да изведат комплексна процедура, една група на хирурзи го отстрани лицето од неодамна починат човек.

  
 

Им биле потребни 12 часа, а истовремено друга група на хирурзи го отстрануваше лицето на Десџардинс, оставајќи го само со очите и челото – што траеше 17 часа.

Десџардинс сега ја доби единствената работа која најмногу ја сакал:

“Може да поминува време со внукот без да го гледаат случајните минувачи. Сега веќе води нормален живот. Ме посетува секоја недела и во чекалната никој не го гледа. Секогаш сите гледаа во него, но сега е само уште едно лице во гужвата”, рекол Борсук.

(82)

loading...

Вашиот коментар