“Spice Girls” се враќаат, но без Бекамица…

Женскиот состав “Spice Girls” ќе одржи шест концерти низ Велика Британија во јуни 2019. година, потврдија девојките денес. Но, ова не важи за светската ѕвезда Викторија Бекам, која потврди дека музиката повеќе не ја интересира. Ова ќе биде втор пат групата да се здружи во намалено издание, бидејќи во 1998. година, без Викторија, настапиja на американската турнеја. Бекамoва им се приклучи на девојките во 2007. година, кога го објавија албумот со најголемите хитови, а истата година отидоа и на турнеја.

Запаметен ќе остане и нивниот настап на Олимписките игри во 2012. година во Британија.

 
 

По неколку години, првиот концерт ќе се одржи на 1 јуни 2019. година, на стадионот Етихад во Манчестер, додека Викторија ќе ужива во модните настани.

  
 

(8)

loading...

Вашиот коментар