| 17.12.2017. ПО СВЕТОТ

Претседателот на СФРЈ Јосип Броз Тито бил познат по своите раскошни патувања. Во 1971 година ги посетил Соединетите Американски Држави како личен гостин на Ричард Никсон, претседателот на САД.

Ова била прилика да Тито ја возврати посетата бидејќи десетина месеци претходно, Никсон бил во посета на Југославија. Броз бил дочекан со најголеми почести предвидени за некој странски државник, а снимките од него и Јованка го заобиколиле светот.

Сепак, зад оваа посета останала и една анегдота која, после враќањето на Тито во Југославија, често се прераскажувала.

 
 

Имено, за време на состанокот со Никсон, во собата полна со новинари, Тито запалил пура.

Потегот бил провокативен од две причини. Прво, пушењето во Белата куќа е забрането уште од 1946 година. Второ, состанокот се одвивал на врвот на нетрпеливоста помеѓу Америка и Куба, а Тито со пури се снабдувал од Куба.

Никсон морал да реагира.

  
 

– Господине претседателе, ние овде во Белата куќа не пушиме, му рекол американскиот претседател на Тито.

– Блазе вас! – едноставно одговорил лидерот на Југославија смеејќи се и пушејќи ја својата пура.

После непријатната тишина која потрајала неколку моменти, Никсон до крајот на состанокот веќе не ја споменал оваа забрана.

 
loading...
 

(0)

Тим ЗА -0%
 
 
Тим ПРОТИВ 0%
Гласањето е затворено
  
Ливадџија

ОСТАВИ КОМЕНТАР

  • Hема коментари
  • Hема коментари
  • HTML Snippets Powered By : XYZScripts.com
    Mени