| 20.03.2018. ЕВОЛУЦИЈА

Почина последниот преживеан машки северен бел носорог по неколку месеци боледување.

Судан (42) живееше во Институтот за заштита на специфични видови животни во Кенија. Откако му се влошила состојбата поради возраста, тој вчера бил успан.

По неговата смрт, остануваат уште само две женки, неговата ќерка и внука.

 
 

И двете припаѓаат на зоолошка градина во Чешка, но живеат во Кенија и се чуваат со вооружени чувари поради нивниот  рог кој низ историјата е предмет на продажба на црниот пазар, па оттаму и обезбедувањето поради стравовите дека може да бидат убиени.

Надежта за зачувување на северниот бел носорог сега лежи во развојот на техники за ин витро оплодување.

(0)

  
 

Тим ЗА -0%
 
 
Тим ПРОТИВ 0%
Гласањето е затворено
  
Ливадџија

ОСТАВИ КОМЕНТАР

  • Hема коментари
  • Hема коментари
  • HTML Snippets Powered By : XYZScripts.com
    Mени