| 01.04.2018. ЗДРАВА ХРАНА

Рецептот е лесен и едноставен. Дури и почетник во кујна може да подготви солен или благ чипс од банана. Ако се одлучите за солен чипс, тогаш ќе ви бидат потребни зелени банани, односно не сосема созреани, а за благиот земете зрели.

За три порции чипс од банана потребно ви е следново:
– 3 банани
– 3 кафени лажички маслиново или сончогледово масло
– Сол, односно шеќер (по вкус)

Бананите излупете ги и исечкајте ги на тенки кругови. Ставете ги во плех, обложен со хартија за печење. Посолете ги и попрскајте ги со маслото.

 
 

Печете 15-20 минути на 180-200 степени.

За помалку од 20 минути ќе имате здрав десерт кој можете да го зачините со мед, цимет или црно чоколадо. Ако сте за најздрава варијанта, консумирајте го чист.

(0)

  
 

Тим ЗА -0%
 
 
Тим ПРОТИВ 0%
Гласањето е затворено
  
The Chef

ОСТАВИ КОМЕНТАР

  • Hема коментари
  • Hема коментари
  • HTML Snippets Powered By : XYZScripts.com
    Mени