| 12.11.2017. ЕВОЛУЦИЈА

Дали имате iPhone или Samsung? Како сте задоволни со вашиот iPhone или Samsung? Дали планирате да се префрлите од iPhone на Samsung или обратно? Ова се прашања кои технолошките гикови редовно ги имаат. Рестото од светот ги користи телефоните да се јават или да им се јават. Е сега, со iPhone X пуштен на пазарот, Самсунг мора да го засили темпото. Тие создадоа нова реклама која малку го ремети iPhone. Додуша го ремети на секој чекор…

Насловена како “Growing Up”, рекламата следи фанатик на iPhone кој го надградува својот мобилен телефон во период од десет години. Приказната започнува во 2007 година, со реметење за секоја година каде што фановите на iPhone имаа ограничувања со телефоните. Се гледа како лошо реагира iPhone-от на дожд, како мораа да ги оставаат своите мобилни слушалки во ориз за да ја извадат влагата и времето кога iPhone целосно ќе се ослободи од приклучокот за слушалки.

Но, тука не застанува се. Видеото оди во многу детали за проблемите со iPhone-от. Тоа укажува на недостатокот на простор за складирање што го има iPhone 4 кој е 16GB, а потоа продолжува да се фокусира на големината на екранот, посочувајќи го 4-инчниот дисплеј на iPhone 5S и споредувајќи го со 5,5-инчниот екран на Samsung Galaxy Note 3. Како што си тераат годините, Samsung се фокусира на 2016 година, каде што Apple не успеа да додаде отпорност на вода на нивните iPhone 6 модели.

 
 

Исто така се истакнува фактот дека Галакси S8 има можност за безжично полнење што е нешто што на iPhone 7 го нема.

На крај, видеото достигнува до 2017 година: iPhone X. Без оглед на сите проблеми што ги доживеале корисниците на Apple во текот на годините, сите изгледаат многу возбудени за да ги добијат своите најнови модели на iPhone. И, се разбира, во оваа реклама го има и тој момент.

  
 

(174)

Тим ЗА -0%
 
 
Тим ПРОТИВ 0%
Гласањето е затворено
  
Ливадџија

ОСТАВИ КОМЕНТАР

  • Hема коментари
  • Hема коментари
  • HTML Snippets Powered By : XYZScripts.com
    Mени