| 11.02.2018. ЗДРАВА ХРАНА

Во сезоната на туршии, руски салати и разноразни зимници овој интересен рецепт претставува комбинација која навидум изгледа чудна.

Сигурно до сега не ви текнало дека киселите краставички може да се потпечат во рерна. Овој рецепт ќе ви покаже како да го направите токму тоа.

Погледнете го видеото, следете ги чекорите и изненадете ги најблиските со нешто сосема ново и поинакво.

 
 

Потребни состојки:
– 12 кисели краставички
– 250 g крем сирење, омекнато
– 1 ½ чаша чедар, рендан
– 1 чешне лук
– 12 ленти сланина

Подготовка:
Загрејте ја рерната на 220ºС. Киселите краставички исечете ги на пола и извадете го средишниот дел од секоја половина.

Во сад измешајте ги крем сирењето, чедарот и лукот. Наполнете го празниот дел од секоја краставичка и обвиткајте ја со сланина.

  
 

Печете околу 15 минути или додека сланината не стане крцкава.

(0)

 
loading...
 

Тим ЗА -0%
 
 
Тим ПРОТИВ 0%
Гласањето е затворено
  
The Chef

ОСТАВИ КОМЕНТАР

  • Hема коментари
  • Hема коментари
  • HTML Snippets Powered By : XYZScripts.com
    Mени