| 30.11.2017. ЗДРАВА ХРАНА

Според многумина ова е рецепт кој води потекло од Грција, но луѓето низ светот го прифатиле заради неговиот специфичен вкус и спој на состојки.

Ако сте љубители на лута храна, ова може да биде одлично предјадење или додаток на главното јадење.

Потрбни состојки:

 
 

20 помали црвени и зелени пиперки
3 dcl оцет
1,5 l вода
3 лажици масло
30 dkg кајмак (може да го замените со меко сирење или урда)
1 лажичка сол

Подготовка:

Исчистете ги пиперките од семето, водејќи сметка да не направите преголема дупка. Загрејте ја водата со оцетот и солта до точка на вриење. Ставете ги во неа пиперките и оставете ги околу 1 мин во водата.

  
 

Извадете ги пиперките и оставете да се исушат. Откако ќе се исушат наполнете ги со кајмак, но само 2/3 бидејќи во спротивно кајмакот ќе ви се излее. Зовријте солена вода (околу 1 литар), додадете масло и оставете да се излади.

Пиперките наредете ги во стаклен, сув и чист сад по можност со подлабоко дно, така што со отворите ќе бидат свртени една кон друга. Внимателно прелејте ги со солената вода и масло и затворете го садот. Вака подготвени пиперките можете да ги чувате во фрижидер до 30 дена.

Напомена: Најдобро би било да ги наредите пиперките во правоаголен плиток сад, бидејќи така ќе изгледаат најубаво и кајмакот нема да истече.

 
loading...
 

Крв да ви се стори!

(0)

Тим ЗА -0%
 
 
Тим ПРОТИВ 0%
Гласањето е затворено
  
The Chef

ОСТАВИ КОМЕНТАР

  • Hема коментари
  • Hема коментари
  • HTML Snippets Powered By : XYZScripts.com
    Mени