| 28.12.2017. ПО СВЕТОТ

Полски морнар, стар 54 години, спасен е на 25 декември во водите на францускиот остров Реинион, во индискиот океан, откако претходно седум месеци пловел во океанот, соопштија неговите спасувачи во вторникот.

Неговиот оскуден чамец го забележал екипаж на една јахта, која ги предупредила спасувачите.

Потоа била отворена истрага околу околностите на авантурата која овој „современ Робинзон“ ја преживеал.

 
 

Според информациите од Националното друштво за спасување на море, мажот рекол дека веќе седум месеци талка по океанот, откако во мај запловил од остров југоисточно од брегот на Африка.

Имал цел да стигне до јужноафриканската Република за таму да си побара работа.

Неговиот чамец бргу се расипал. Без средства за комуникација и навигациони инструменти и со само месечна резерва на храна, пловел меѓу Малдивите, Индонезија и Маврициус, пред да биде спасен во водите недалеку од Реинион.

  
 

Друштво му правела една мачка.

„Полскиот Робинсон“ вели дека преживеал јадејќи половина кесичка кинеска супа дневно, а понекогаш ќе уловел и по некоја риба.

Морнарот вели дека после 10 години поминати во САД, во 2014 година отпатувал во Индија за таму да си купи сопствен чамец.

 
loading...
 

Сакал да стигне до Полска, но неговиот чамец го изгубил јарболот па стигнал до остров во Африка. Таму останал неколку месеци, го поправил бродот и тргнал понатаму на 1 мај.

Сега, како што вели, не може да се врати во Америка бидејќи му истекла дозволата за престој, а нема намера ниту да се врати во Полска.

Се надева дека ќе може да си го поправи чамецот и некое време да остане во Реинион.

(0)

Тим ЗА -0%
 
 
Тим ПРОТИВ 0%
Гласањето е затворено
  
Ливадџија

ОСТАВИ КОМЕНТАР

  • Hема коментари
  • Hема коментари
  • HTML Snippets Powered By : XYZScripts.com
    Mени