| 06.02.2018. ЕВОЛУЦИЈА

Vaunt е одговорот на Intel на сите компании кои претставија паметни очила. Она што најверојантно сите ќе го забележат, е сосем обичниот изглед на очилата. Ексклузивна можност да ги погледнат очилата за прв пат имаа Verge.

Очилата изгледаат како сосем обични очила, толку што ако не станува збор за Intel, туку за некоја непозната компанија, ќе се сомневавме дека е измама. Очилата се со пластични рамки и воопшто не потсетуваат на очилата кои сме ги виделе досега.

Што се однесува до технологијата, според описот најблиску е до Magic Leap. Минијатурна камера ја проектира сликата директно во задниот дел од окото. Оваа слика секогаш е фокусирана без разлика дали корисникот има проблеми со видот или не.

 
 

Сепак технологијата има и некои недостатоци. Најверојатно најголемиот недостаток е потребата од нагодување на очилата за корисникот. Нагодувањето на очилата е прилично брзо и потребно е да се измери растојанието помеѓу зениците. Лоша вест е дека ова значи дека очилата не се „еден уред за сите“. Поточно, нема да може да ги позајмите очилата на пријателите. Со оглед на тоа дека е потребно да се внесе големината софтверски, најверојатно нема да може да се прави дома.

Голема предност на Vaunt е што корисниците нема ниту да забележат дека носат очила. Со тежина од 50 грама и изглед како обични очила, ова воопшто не е изненадување.

Очилата преку Bluetooth се поврзуваат со телефонот и од таму испраќаат содржина. За жал, содржината најверојатно не е тоа што го замислувавте. Освен ако не помисливте на монохроматска слика, „нацртана“ од ласер со мала моќност. Сликата се проектира директно во окото, но Intel обезбеди можност да не биде интрузивна. Односно, сликата не се појавува ако не гледате каде што се појавува.

  
 

Vaunt ќе биде достапен во продажба пред крајот на годината. Продажбата е слична, ако не и идентична со продажбата на Google Glass. Најпрво „early access“, па потоа поширока продажба. За потсетување, Glass не успеа на овој начин да пронајде корисници. Поради ова Google влегува во директни партнерства со повеќе производители кои креираат специјализирани индустриски апликации.

Засега нема податоци за подобар дел од хардверот на очилата како, процесорот, слободен простор, но и дата на излегување, ниту цена.

(0)

 
loading...
 

Тим ЗА -0%
 
 
Тим ПРОТИВ 0%
Гласањето е затворено
  
Ливадџија

ОСТАВИ КОМЕНТАР

  • Hема коментари
  • Hема коментари
  • HTML Snippets Powered By : XYZScripts.com
    Mени