| 09.04.2018. ПО СВЕТОТ

Големиот христијански празник Велигден, Грците го прославуваат на несекојдневен начин, а снимката на Фејсбук ја покажа Стаматис Краунакис.

На воодушевување на присутните верници, попот во долга бела мантија, со тротинет влета во црква и почна да прави кругови додека по него трчаа останатите свештени лица.

За попот не претставуваше никаква препрека ни високите скали, кои со тротинетот лесно ги совлада и продолжи да вози низ храмот за да ги опслужи верниците.

 
 

Слична „претстава“ исто така за Велигден, на верниците минатата година им приреди свештеникот Христофорос во една црква на грчкиот остров Хиос, а поради неговиот настап веднаш го нарекоа „летачкиот поп“.

Додека лустерите се нишаа, а верниците тропаа по столиците, попот со „пантерски скок“ се појави од зад олтарот, а потоа почна да им дели ловорови листови на присутните верници.

Вака во црквата на грчкиот остров Хиос се прослави Велигден, каде попот Христофорос на несекојдневен начин го објави воскресението Христово.

  
 

Овој свештеник секој Велигден е вистински хит во Грција, а кој знае можно е и оваа години токму тој да ги зачуди верниците појавувајќи се на тротинет.

(0)

 
loading...
 

Тим ЗА -0%
 
 
Тим ПРОТИВ 0%
Гласањето е затворено
  
Ливадџија

ОСТАВИ КОМЕНТАР

  • Hема коментари
  • Hема коментари
  • HTML Snippets Powered By : XYZScripts.com
    Mени