| 27.12.2017. ПО ДОМА

Кој би рекол дека попладневната дремка е штетна за нашето здравје?

Новото истражување покажува дека спиењето после ручек, во времетраење од 40 минути го зголемува ризикот од повеќе телесни пореметувања.

Студијата која опфаќа 300 000 испитаници го прикажува влијанието на попладневната дремка како причина за развој на метаболитички синдром, зголемен крвен притисокхолестерол и дебелина.

 
 

Истражувањето е претставено на годишната конференција од страна на “American College of Cardiology” (ACC).

Според него, човечкото тело во сон во текот на денот во траење од 40 минути и повеќе, мисли дека е во состојба на длабок сон, што значително влијае врз метаболизмот.

Студијата тврди дека попладневниот сон ги прави луѓето поуморни отколку што навистина се, а интензивноста на замор зависи од времетраењето на сонот.

  
 

Поодморени се чувствуваат оние кои после пладне спијат најмогу 30 минути. Доколку дојде до длабок сон, мозокот преоѓа во друга фаза и затоа се чувствуваме поуморни.

(0)

 
loading...
 

Тим ЗА -0%
 
 
Тим ПРОТИВ 0%
Гласањето е затворено
  
Ливадџија

ОСТАВИ КОМЕНТАР

  • Hема коментари
  • Hема коментари
  • HTML Snippets Powered By : XYZScripts.com
    Mени