| 24.11.2017. ПО СВЕТОТ

Италијански суд го осуди поранешниот напаѓач на Манчестер Сити и на Бразил – Робињо, во отсуство, на девет години затвор откако го осуди за учество во групно силување на албанка во 2013 година.

Судот во Милано пресуди дека Робињо и пет други Бразилци ја нападнале жената, која во тоа време имала 22 години, откако ја частеле со алкохол во дискотека. Непознато е каде се наоѓаат петте придружници на Робињо, па нивното судење им било ставено во мирување.

Робињо, кој играше за Милан од 2010-2015, а моментално е со Атлетико Минеиро во Бразил, се изјасни дека не е виновен преку неговиот адвокат и не се појави на никое од судските рочишта во северна Италија.

 
 

“Ние би сакале да појасниме дека тој веќе се бранеше против обвинувањата, потврдувајќи дека не учествувал во епизодата”, се вели во соопштението објавено на акаунтот на Робињо на Instagram. “Сите законски мерки се преземаат”.

Робињо има право на две жалби и Италија ќе бара екстрадиција само откако овој правен процес ќе биде исцрпен, соопштија од извори на судот. Сепак, Бразил не дозволува екстрадиција на сопствените граѓани, што значи дека ќе ризикува апсење и депортација само ако тој е запрен во трета земја.

Пресудата на Робињо ќе биде ставена на чекање додека не се заврши жалбениот процес.

  
 

Судот во Милано наредил жртвата да добие 60.000 евра (71.000 долари) како надомест за нејзиното страдање.

Робињо има 100 настапи за Бразил, постигнувајќи 28 гола. Својата кариера ја започна во Сантос, каде што го предводеше тимот до титулата во лигата во 2002 и 2004 година. Неговите партии му помогнаа да стигне до Реал Мадрид во 2005 година, но остана само три години пред да се пресели во Сити за британски рекорд од 32,5 фунти во тоа време.

(0)

 
loading...
 

Тим ЗА -0%
 
 
Тим ПРОТИВ 0%
Гласањето е затворено
  
Ливадџија

ОСТАВИ КОМЕНТАР

  • Hема коментари
  • Hема коментари
  • HTML Snippets Powered By : XYZScripts.com
    Mени