| 27.12.2017. ПО СВЕТОТ

Родени на Хаваите 15 месеци еден после друг, се запознале кога во шесто одделение играле фудбал во училиште. Секој за себе, трагал по своето потекло, бидејќи Макфарлејн не го запознал својот татко, а Робинсон бил посвоен.

Тамошната локална телевизија пренесе дека Макфарлејн, после неуспешната потрага на интернет и социјалните мрежи, се свртел на семејната историја и веб страница за споредување на податоци поврзани со ДНК.

„Кога започна да добива слични податоци со еден друг корисник, сериозно пристапивме во проверката“, изјави неговата ќерка Синди Макфарлејн Флорес.

 
 

Најголемо поклопување, со идентични X хромозоми, имал некој со корисничко име „Роби737“, а прекарот на неговиот пријател Робинсон бил Роби, а и тој бил пилот, како и корисникот со кој се вклопувале податоците.

На крај сфатиле дека и Робинсон ја користел истата интернет страница за да пронајде одговори околу своето семејство.

Подоцна дознале дека имаат иста мајка.

  
 

„Бевме во шок“, изјави Макфарлејн.

Оваа вест им ја откриле на семејството и пријателите во текот на предбожикната забава во саботата.

„Искуство кое не се опишува, просто неверојатно“, изјави Робинсон.

 
loading...
 

Тие двајца сега планираат да патуваат и да уживаат во пензијата.

„Ова е најдобриот божикен подарок кој некогаш можев да го замислам“, заклучи Робинсон.

(0)

Тим ЗА -0%
 
 
Тим ПРОТИВ 0%
Гласањето е затворено
  
Ливадџија

ОСТАВИ КОМЕНТАР

  • Hема коментари
  • Hема коментари
  • HTML Snippets Powered By : XYZScripts.com
    Mени