| 28.12.2017. ПО СВЕТОТ

Во новата историја, јазикот Таширо имале можност да го слушнат само неколку луѓе. Причината за тоа е бидејќи Амадео Гарсија е последниот човек кој го користи овој јазик.

Новинарите од Њујорк патувале до самиот крај на реката Амазон, во срцето на Перу, само за да го прашаат Амадео како е можно еден јазик така лесно да исчезне. Иако можеби неколку илјадници луѓе го збореле овој јазик, неговата историја е долга стотина години.

Амадео живее во запоставен дел на амазонската прашума, па до него може да се стигне само со десет часовно возење со брод.

 
 

Јазикот кој го зборуваме не дефинира тоа што сме, пишува Time. Јазикот е тоа што не спојува и раздвојува и ни дава можност да се свртиме кон минатото и да го разбереме развојот на нашата култура.

За јазикот Таширо, сѐ завршува со еден човек кој до своите тинејџерски години живеел во племе за кое остатокот од светот незнаел дека постои.

“Мојата мајка почина поради силно кашлање, а татко ми од малерија” кажува Амадео и напоменува дека на својот јазик не разговарал откако починал неговиот брат. Сепак, кажува дека сеуште сонува на својот мајчин јазик.

  
 

“Долго време сме отсечени од сите, но полека почнавме да се интересираме за светот околу себе” кажува Марио Тапуј, пријател на Амадео

“Кога имавме можност игравме фудбал или се качувавме на дрвата”.

Амадео со месеци не разговарал со својот син и позајмил телефон од американските новинари да дознае што се случува.

 
loading...
 

Неговата жена го напуштила заедно со своите 5 деца. Децата ги посвоил еден христијански мисионер и им овозможил дом кој е 1600 километри оддалечен од Порторико. Со тоа е изгубена секоја можност за децата на Амадеов да го научат јазикот на својот народ, а и да научат нешто за културата во која пораснал нивниот татко.

“Те сакам, го знаеш тоа?” му кажува синот преку телефон, откако го прекорил за проблемите со алкохолот за кои слушнал.

Амадео кажува дека многу ќе му значи доколку неговиот син дојде да го посети.

“Сакавме да му понудиме место како професор за луѓето да научат за неговата култура и јазик, но тоа не беше возможно. Тој постојано беше пијан. Сега е стар и навистина е доцна. Жал ми е за Амадео, знам дека е осамен. Мора да има некој со кој ќе може да разговара” кажува неговиот пријател Тапуј.

Иако постојат обиди да се зачува Таширо јазикот, тој најверојатно ќе исчезне заедно со Амадео. Според него, јазикот веќе долго време исчезнал – нема потреба од него бидејќи е сам.

“Моето име е Амадео Гарсија и јас сум Таширо. Кога ќе си заминам еден ден, се надевам дека светот ќе се сеќава на мене” кажува од срце последниот претставник од своето племе.

(0)

Тим ЗА -0%
 
 
Тим ПРОТИВ 0%
Гласањето е затворено
  
Ливадџија

ОСТАВИ КОМЕНТАР

  • Hема коментари
  • Hема коментари
  • HTML Snippets Powered By : XYZScripts.com
    Mени