| 15.03.2018. ЗДРАВА ХРАНА

Деновите пред Велигден оние кои постат навистина имаат дилема што да зготват и да јадат, за да биде сето тоа вкусно и да им ја даде потребната енергија за целиот ден.

Токму затоа потребно е вашето мени да се состои од посни, но енергични состојки, да биде доволно обилно и да ве засити. Ако постите не значи дека не треба да имате вкусен ручек од салата, главно јадење и десерт.

Ова се денешните предлози:

 
 

Витаминска салата
Колку повеќе бои има толку е поздрава и ќе ви даде повеќе енергија. Затоа искористете го секој сезонски зеленчук, исечкајте го и измешајте ја.

Потребни состојки:
– 1 ротквица
– 2 моркова
– 1 мала виолетова зелка
– 1 поголема краставица
– ½ лажичка шеќер
– 1 лажичка јаболков оцет
– ½ чаша вода
– Неколку капки лимон
– Сол

Подготовка:
Во едно чинивче помешајте го оцетот, сокот од лимон и половина чаша вода. Мешајте додека шеќерот не се растопи. Исчистете ги ротквицата и морковот, краставицата измијте ја, а од зелката отстранете ги првите листови.

  
 

Крупно исечкајте ги или изрендајте ги ротквицата и морковите па додајте ги во чинијата со преливот. Зелката исечете ја на резанки, а краставицата на тенки крукчиња, па и тоа додајте го во чинијата.

Внимателно измешајте го зеленчукот, па исцедете го остатокот и сервирајте го во чинија.

posno-meni-koe-ke-vin-ja-dade-potrebnata-energija-02

 
loading...
 


Посна салата со ѓумбир

Ако сте човек кој сака да експериментира и да спојува овошје и зеленчук, тогаш задолжително испробајте ја оваа салата. Состојките може да варираат.

Потребни состојки:
– Зелена салата
– Магданос
– 2 домати
– 4 млади ротквици
– 1 зрело авокадо
– 1 црвен грејпфрут
– 1 главица кромид
– Мало парче свеж ѓумбир
– Сок од 1 лимон
– Маслиново масло
– Сол

Подготовка:
Сите плодови добро измијте ги, излупете ги и исечкајте ги на коцки. Само кромидот оставете го во форма на прстени. Додајте го сокот од лимонот, маслиновото масло и сол по желба, добро измешајте и послужете.

posno-meni-koe-ke-vin-ja-dade-potrebnata-energija-03

Супа од шампињони
Вкусна, кремаста супа која одлично ќе се вклопи во лесното посно мени како предјадење или пак лесна вечера.

Потребни состојки:
– 250g шампињони
– 2 лажици маргарин
– 1 мала главица кромид
– 1 лажица брашно
– 2dl бело вино
– Сол
– Бибер

Подготовка:
Ситно исечкајте го кромидот, а печурките сечкајте ги на листови. Пропржете ги заедно за загреан маргарин. Додајте го брашното, прелијте со 2 литри вода и варете додека шампињоните не омекнат.

Прелијте го виното, а потоа додадете зачини по желба. Посолете и супата е готова!

posno-meni-koe-ke-vin-ja-dade-potrebnata-energija-04

Пастрмка со ориз
Рибата е вообичаено најприготвувана за време на пости. Хранлива е и здрава, а може да ја комбинирате со различен зеленчук. Исто така, претставува одлична замена за оние кои едвај издржуваат без месо.

Потребни состојки:
– 3 мали пастрмки
– 2 лажички масло
– 1 лажичка брашно
– 1 лук
– 3 лажици ориз
– 2 зелени пиперки
– 1 лажичка лимонов сок
– Сол и бибер

Подготовка:
Рибата исчистете ја, измијте ја и посолете ја. Оставете ја да отстои неколку часа.

На масло пропржете го ситно сечканиот лук и додајте му ја исечканата зелена пиперка. Додајте го сварениот ориз, промешајте, па додадете го лимоновиот сок. Со таа смеса наполнете ја пастрмката и затворете ја со чепкалки или со конец.

Рибата извалкајте ја во брашно и печете ја во рерна околу 30 минути.

posno-meni-koe-ke-vin-ja-dade-potrebnata-energija-05

Печен компир
Послужете го со свежа салата или риба како додаток и нема да погрешите!

Потребни состојки:
– ½ kg компир
– 1 кромид
– 2 лажици зачин од сушена пиперка
– Вегета
– Маслиново масло

Подготовка:
Излупете ги компирите и исечкајте ги на парчиња со средна дебелина. Варете го компирот 10тина минути, а потоа откако ќе се олади, прелијте го со масло и додадете го зачинот од сушени пиперки.

Промешајте и наредете го компирот во тавче за печење. Над него исечкајте го кромидот на прстени и печете околу 20 минути на температура од 220 степени.

Кон крајот додадете Вегета и уште малку масло, па допечете 10 минути на највисока температура.

posno-meni-koe-ke-vin-ja-dade-potrebnata-energija-06

Посна торта со бело вино
Вкусна чоколадна торта е најголемото задоволство кое може да си го дозволите за време на постите. Сигурно ќе ви биде омилена и ќе уживате додека јадете.

Потребни состојки:
– 2dl Бело вино
– 450g шеќер
– 1,5dl масло
– 300g брашно
– 1 прашок за пециво
– 1 кора од лимон
– 1dl кисела вода
– 1 лажичка какао
– 300g мелени ореви
– 200g локум
– 200g џем

Подготовка:
Сварете го виното со масло и 200g шеќер, па додадете го брашното и прашокот за печиво. Потоа додадете ја изренданата кора од лимон, киселата вода, малку обична вода, какао и 100 грама мелени ореви.

Изедначете ја смесата и поделете ја на 4 дела. Секој дел растегнете го во тава и испечете го. Оставете ги корите да се оладат, а во меѓувреме истопете 250g шеќер со 2dl вода и додајте го локумот да се растопи. Дотурете ги и преостанатите ореви.

Секоја кора премачкајте ја со џем, па со филот. Украсете ја по желба и оставете ја да се олади неколку часа.

posno-meni-koe-ke-vin-ja-dade-potrebnata-energija-07

(0)

Тим ЗА -0%
 
 
Тим ПРОТИВ 0%
Гласањето е затворено
  
The Chef

ОСТАВИ КОМЕНТАР

  • Hема коментари
  • Hема коментари
  • HTML Snippets Powered By : XYZScripts.com
    Mени