| 26.04.2018. ПО СВЕТОТ

Локалните власти во градот Будва одлучија да ја одбележат 100-годишнината од крајот на Првата светска војна со постери од српската ослободителна армија, решение кое предизвика бурни реакции во Црна Гора.

На постерите пишува „Жителите на Будва кои со своите очи, во живо, на 8 ноември  1918 година го гледале маршот на српската војска извикувале ‘Ова е народен празник за паметење!’“

Премиерот Душко Марковиќ беше категоричен дека тоа е фалсификување на историјата и увери дека ќе бидат спроведени судски постапки во врска со овој случај.

 
 

„Тоа е фалсификување на историјата. Ќе реагираме на овој напад врз државата“, изјави црногорскиот премиер.

Постерите првично ги искритикува црногорското Министерство за култура. Министерството посочи дека Будва била ослободена кога австроунгарската војска се повлекла и без учество на странска армија.

(0)

  
 

Тим ЗА -0%
 
 
Тим ПРОТИВ 0%
Гласањето е затворено
  
Ливадџија

ОСТАВИ КОМЕНТАР

  • Hема коментари
  • Hема коментари
  • HTML Snippets Powered By : XYZScripts.com
    Mени