| 22.11.2017. ЕВОЛУЦИЈА

Во текот на зимата, жителите на алпскиот град Ратенберг во Австрија, имаат среќа ако добијат и по десет минути сончева светлина дневно. Во 2015 година, градските власти се обратија на Европската унија да им помогне да инсталираат огледала вредни милиони долари за да ја одразат сончевата светлина од соседните планини во својата долина, со цел да ги спречат младите жители да бегаат од бескрајната темнина на долината. Во 2013 година, норвешкиот град Рјукан, кој редовно е шест месеци без сонце, го сторил истото во обид да ги направи своите жители посреќни и попродуктивни.

Животот во град без светлина е огромна, тажна, депресија и мнозината од жителите на таквите места им е преку глава дојдено.

Ако овие градови трошат милиони на џиновски огледала, можеби треба да размислите да си купите и вие некоја ламба за среќа. Имено, темнината влијае на расположението и издржливоста на сите луѓе, бидејќи нашата биологија еволуирала заедно со светлината. Како таква, светлината игра голема улога во нашите нагони за сон – што значи, во најтемните делови од светот, тие нагони се уште поинтензивни.

 
 

Два главни фактора го контролираат нашиот циркутарен ритам, внатрешниот часовник на телото кој одредува кога ќе се разбудите и кога да ви се приспие. Првиот е нивото на молекулата наречена аденозин во телото, ниво кое се крева додека сте будни се додека не достигне одреден максимум, во кој момент почнува да се намалува, враќајќи се назад кон потребата за спиење. Друг фактор е износот на светлината на која сте изложени, што го “мести“ внатрешниот часовник на телото. Ова, од своја страна, го менува темпираното ослободување на хемиски стимуланси во телото, што одредува кога почнувате да се лепите за сите перници кои ќе ги најдете.

 

  
 

Зимските месеци имаат помалку часови на сонце и пократки денови поради начинот на кој оската на Земјата е навалена кон сонцето. Овие дополнителни часови на темнина го збунуваат телото, бидејќи тие му сигнализираат на мозокот дека е време да спијат порано од вообичаеното.

Кога е темно, телото ослободува хормон наречен мелатонин од мозочната пинална жлезда, сигнализирајќи дека е време да се почувствувате поспани (поради оваа причина, додатоците на база на мелатонин често се продаваат како помагала за спиење). Бидејќи светлината ја попречува стапката на секреција на мелатонин од пиналната жлезда, производството на мелатонин се зголемува ноќе. Но, за време на особено темна зима, телото се збунува, создавајќи мелатонин уште во 16:30 часот – многу порано од нормалното. Ова е причината за која ќе завршите во вашите пижами уште од седум.

 
loading...
 

 

Во мрачните денови се појавува уште едно прашање поврзано со мелатонин: Светлината обично го потиснува производството на мелатонин, но кога небото е постојано сиво, нема ништо да го потисне производството, па затоа продолжува да се испумпува и преку ден. Ова ги нарушува циркадните ритми на телото, а неговата конфузија предизвикува дневна поспаност. Ете зошто преку деновите во зима сите се чувствуваме поспани и уморни.

Иако не можете да го сопрете сонцето од заоѓање или да го продолжите денот некако, постојат чекори што можете да ги превземете за да ги направите овие темни денови малку посветли. Додатоци на витамин Д, потсетници за внесување на вода, ароматерапија и светлосни кутии, се добри препораки од луѓето кои си имале проблем со мелатонинот.

Или, можете да се преселите во Јума, Аризона, наводно најсончевото место во светот. Во зима во Јума има 90% шанса дека ќе биде сончево – што ви е подобра варијанта од ламба во темниот стан.

(88)

Тим ЗА -0%
 
 
Тим ПРОТИВ 0%
Гласањето е затворено
  
Ливадџија

ОСТАВИ КОМЕНТАР

  • Hема коментари
  • Hема коментари
  • HTML Snippets Powered By : XYZScripts.com
    Mени