| 26.10.2017. ЕВОЛУЦИЈА

Убедувањата за тоа дали WiFi сигналот е безбеден или не за нас е контроверзен, а не станува збор само за WiFI, туку и 3G/4G и други сигнали на мобилните телефони. Кога ќе подразмислите малку за тоа, ние постојано сме бомбардирани од овие сигнали, дури и ако поминуваме низ убаво попладне низ шума и ако имате телефон на вас, не сте баш неозрачени. Колку се штетни овие сигнали за нашето здравје и што можеме да сториме за да помогнеме во ублажување на ефектите?

Меинстрим науката сака да веруваме дека овие сигнали не ни предизвикуваат никаква штета, но, се разбира, постои корпоративен интерес да се држиме до користење на овие технологии. Тие се дел од нашето општество, а повеќето од нас не можат да замислат живот без интернет на пример, јер без него, како би можеле да ги прочитате нашите постови на ливада.мк, нали?!

Зошто се чувствуваме толку добро по прошетка во природа или кампување? Секако, сè уште има некои сигнали од предавателите кои се одбиваат тук и таму, но сигурно не во толкав број како во канцеларијата каде што работите, во трговски центар, или само по тротоарите на градските улици. Се чувствуваме одлично да се исклучиме од технологијата од време на време и да се приклучиме на природата. Дали е тоа поради паузата од ЕМП што ни го дава тоа смирено, центрирано, релаксирано и чисто нагорно чувство? Би можело да се каже.

 
 

Размислете за ова… земете го вашиот мобилен телефон на пример. Знаеме дека не треба да го држите толку блиску до главата кога зборувате со некого. Всушност, во повеќето упатства за телефоните јасно се наведува дека телефонот треба да е на минимум 2 сантиметри подалеку додека зборувате на него. Ако ЕМС (Електромагнетни сигнали) не беа штетни за нас, каква разлика ќе има дали го држиме еден метар или ни е залепен за увото телефонот? Очигледно, имајќи ги овие уреди премногу блиску до нашите тела може да предизвикаат штета, но што е со оние фреквенции кои летаат низ воздухот насекаде околу нас?

Неколку докази за да се поткрепи ова тврдење

Во 2007 година, Биоиндикативната работна група, меѓународна соработка на научници и експерти за јавно здравје од САД, Шведска, Данска, Кина и Австрија, објавуваат извештај од 650 страници, наведувајќи повеќе од 2.000 студии во кои ги нагласуваат токсичните ефекти од изложеноста на ЕМС.

Во извештајот се заклучува дека хроничната изложеност на дури и ниско ниво на зрачење, како и нивоата кои се испуштаат од мобилните телефони, всушност може да предизвикаат голем број на различни видови на рак, го нарушуваат имунолошкиот систем и придонесуваат за болести како Алцхајмеровата болест, деменција, срцеви заболувања и разни други заболувања. Директорот на Институтот за здравство и животна средина на Универзитетот во Олбани во една прилика ќе изјави: “Сега имаме критична маса на докази што секој ден се засилува”.

 
 

Главни емитери на ЕМС во домот и како да се намалат нивните ефекти

Лаптопи – Ако редовно користите лаптоп за вашата работа, тогаш дефинитивно треба да размислите за добивање одделена тастатура и глувче за употреба. Ова помага да ги симнете рацете од уредот, што значи помалку изложеност на ЕМС. Се разбира, ова не е неопходно кога едноставно брзо барате нешто, но во секое време кога ќе поминувате подолго време на вашиот компјутер, ќе ви даде некоја предност.

Мобилни телефони – Користете жични слушалки или звучник кога зборувате на телефонот. Ова го позиционира телефонот подалеку од вашата глава, и со тоа ја ограничува вашата EMС изложеност. Bluetooth звучниците или слушалките не се навистина добра опција, бидејќи тие едноставно испуштаат повеќе ЕМС, така што ова би значело дека не сте размислиле добро која е целта што сакате да ја постигнете 🙂

Лични уреди – Користете уреди за кои не е потребна електрична енергија доколку е можно, или не заборавајте да ги користите за минимално време.

 
loading...
 

Кујнски апарати – Нема многу што можете да направите тука, можете да исклучите уреди додека не се користат. Очигледно не ги исклучувајте вашиот фрижидер или замрзнувач.

Ipads – постојат во вашата рака за време на употребата, па обидете се да го задржите вашето време на вашиот ipad на минимум, и користете EMС штитник за да помогнете да се ублажат некои од фреквенциите.

Е-читачи – Наместо тоа, читајте вистински книги 🙂

Исто така, корисен совет е да го подесите вашиот телефон во авионски режим кога одите на спиење и да го исклучите вашиот Wi-Fi рутер, НИКОГАШ НЕ ГО ПОСТАВУВАЈТЕ ВАШИОТ WIFI РУТЕР во собата во која спиете. Всушност, најдобро е да немате никакви електронски уреди во вашата спална соба ако е можно. Ако веќе имате, можеби би било мудро да го оставите вашиот прозорец отворен малку.

Постојат различни уреди и штитови што можете да ги користите за да си помогнете да ублажите некои од штетните фреквенции кои зрачат од вашите уреди, иако е тешко да се докаже нивната ефикасност, сепак може да се исплати. Превземете си бесплатен штит за вашиот мобилен телефон, лаптоп, компјутер или таблет тука.

Фарадеев кафез

Фарадеев кафез е куќиште создадено со спроведување на материјали кои ги блокираат надворешните електрични полиња од затворен простор. Нешто слично е како што молњите нема да навлезат во метален автомобил. Кога радио брановите на електричниот пулс ќе допрат до надворешната површина на кафезот, тој се распределува еднакво на површината на кафезот, но не поминува низ него кон внатрешноста, се додека дупчињата на површината од кафезот се помали од големината на фреквенцијата. Металниот кафез делува како проводник, што значи дека се зголемува напонот кога фреквенциите доаѓаат во контакт со него. Затоа би било препорачливо да се приземји за да се празни во земја.

Фарадејските кафези се користат за приватност од владите; средните училишта или универзитетите кои имаат дури и цели опремени предавални со Фарадејски кафези за да спречат препишување од СМС, или само одвлекување на вниманието.

Некои луѓе имаат изградено фарадејски кафези околу нивните кревети за да се ослободат од овие фреквенции. Со спиење во Фарадеев кафез, се осигурувате дека барем во текот на спиењето, во просек околу 8 часа, вие сте слободни од овие сигнали, па барем вашето тело добива некаква пауза.

За ова вреди да се размисли, дури и само да се види како би се чувствувале и ако тоа прави разлика. Некои луѓе се почувствителни за ЕМС од другите. Можете да купите фасаден кафез онлајн или да направите свој. Има многу упатства за следење. Нашето здравје е нашето најголемо богатство, па зошто да не сториме се што можеме за да го заштитиме?

(323)

Тим ЗА -0%
 
 
Тим ПРОТИВ 0%
Гласањето е затворено
  
Ливадџија

ОСТАВИ КОМЕНТАР

  • Hема коментари
  • Hема коментари
  • HTML Snippets Powered By : XYZScripts.com
    Mени