| 27.11.2017. ЕВОЛУЦИЈА

Мистериозен вид на ајкула беше пронајден на крајбрежјето во Португалија. Ова чудно суштество има три реда попречени заби, а едвај да има и некаква евиденција за луѓе кои го виделе.

Како што се испоставува, оваа “језива” ајкула е постои милиони години, од времето кога диносаурусите шетале по Земјата. Според ББС, овој вид на морничавата ајкула е стар околу 80 милиони години.

Значи, како никој досега не ја видел?

Оваа ајкула не е толку голема како модерните ајкули денес, едвај достигнува големина од едно метро. За разлика од денешните ајкули кои ги знаеме, нејзината глава изгледа како да и припаѓа на змија, а нејзиното тело изгледа како на јагула. Тоа е најприближно нешто што можеме да го опишеме…

 
 

Острите заби на ајкулата се наредени на таков начин што и овозможуваат на ајкулата буквално да го зароби својот плен внатре. Не само што се храни со помали риби, туку се храни и со други, поголеми ајкули.

Оваа ајкула беше пронајдена блиску до брегот на Алгарве од јужниот дел на Португалија, на неверојатна длабочина од околу 700 метри.

Тим на истражувачи кои работат за Европската унија ја откриле чудната ајкула на длабочина од 700 метри. Во обид да го намалат непожелниот улов за време на комерцијалниот риболов, истражувачите фатиле улов што ќе го паметат до крајот на животот.

  
 

Ајкулата живее во такви големи длабочини, што ретко да е забележана на камера, а уште помалку да е уловена додека е сеуште жива. Се шпекулира дека рибата може да се пронајде на места почнувајќи од морињата од западна Европа, до Индискиот Океан и до Јапонија, па дури и далеку до Австралија и Нов Зеланд.

Тие имаат нешто заедничко со луѓето

Една таква ајкула беше забележана на 1500 метри под површината на морето, иако се предпоставува дека таа обично не оди под околу 1000 метри. Рибата исто така, и треба долго време за породување и за разлика од луѓето кои имаат гестациски период од агонизирачки девет месеци, оваа ајкула има период на гестација од околу три и пол години. Зборете ми за породилно отсуство, а?

 
loading...
 

Научниците веруваат дека ова е најдолгиот период на гестација кај р’бетниците. Единственото нешто што е заедничко со луѓето е фактот што тие можат да се парат преку целата година, исто како и луѓето. За разлика од многу други суштества (на копно и во вода), тие не се врзани за некоја сезона на парење.

Рибата првпат била откриена од еден германски човек Лудвиг Додерлин

Лудвиг Додерлин бил на пат кон Далечниот Исток, кога се сретнал со чудната ајкула. За жал, неговите студии за ајкулата се изгубени, а најстарата студија за овој вид ајкула датира од 1880-тите, кога била проучувана од американецот Самуел Гарман.

И покрај тоа што е географски широко распространета, ајкулата нема огромна популација и е ретко распространета низ многу широка област. Затоа, овој посебен улов е од големо значење за научните истражувања.

Обликот на нејзината глава инспирирал разни митови за постоењето на морските змии

Се верува дека описот на рибата од страна на Гарман ги инспирирал бројните митови за едно од најстрашните суштества на морињата – морската змија.

За нејзина среќа, таа не е засегната од било каков вид на загадување што го предизвикуваат луѓето, што е нешто што истражувачите и научниците планираат да ги искористат во своја полза кога се работи за овој вид.

(0)

Тим ЗА -0%
 
 
Тим ПРОТИВ 0%
Гласањето е затворено
  
Ливадџија

ОСТАВИ КОМЕНТАР

  • Hема коментари
  • Hема коментари
  • HTML Snippets Powered By : XYZScripts.com
    Mени