| 12.11.2017. ПО СВЕТОТ

Ви се случило да букирате преку агенција некој смештај што на сликите бил фантастичен, само за да се истоварите од автобусот и да видите дека сте сместени во некое гето некаде или ептен сомнително место? Нареден пат, ќе си знаете! TripAdvisor започна да поставува беџови до хотелите и одморалиштата кои се идентификувани како локации каде имало сексуален напад или други големи проблеми.

Врз основа на новинските извештаи како и коментарите од туристичката заедница, предупредувањата се дизајнирани да ги идентификуваат прашањата поврзани со здравјето, безбедноста и дискриминацијата во сите туристички категории на веб-страницата, изјави портпаролот на компанијата, Кевин Картер.

“Овие беџови ќе останат на TripAdvisor до три месеци. Меѓутоа, ако проблемите продолжат, можеме да го продолжиме траењето на беџот “, рече тој. “Овие значки се наменети да бидат информативни, а не казнени”.

 
 

Одлуките за додавање или отстранување на значка ќе бидат направени од комитет за вработени, вели тој. Листата нема да биде отстранета од страната на TripAdvisor, без оглед на бројот на жалби. “Ние сакаме потрошувачите да ги гледаат добрите и лошите страни за бизнисите”, вели Картер. Коментарите од корисниците ќе продолжат да бидат објавувани на сајтот.

TripAdvisor објавија јавно извинување пред една недела до Кристи Лав (35) од Далас, откако “Сентинел” објави дека TripAdvisor постојано го бришеле нејзиниот коментар на форумот во 2010 година за одморалиштето “Параисо Маја” во Мексико, каде што изјавила дека била силувана од страна на обезбедувањето. TripAdvisor рекоа дека се соочиле со некоја поранешна политика што дозволила само “семејно-пријателски” јазик. Подоцнежна гостинка во истото одморалиште, изјави за “Сентинел” дека се обидела да напише коментар за сексуален напад што се случил таму во 2015 година, но на крајот се откажала, бидејќи “TripAdvisor” ја известил дека делови од нејзиниот коментар се потпирале на информации што не биле од прва рака.

Message from TripAdvisor: TripAdvisor has been made aware of recent media reports or events concerning this property which may not be reflected in reviews found on this listing. Accordingly, you may wish to perform additional research for information about this property when making your travel plans.

Имајте го овој податок на ум, следниот пат пред да направите резервации за вашиот одмор…

 
 

(436)

Тим ЗА -0%
 
 
Тим ПРОТИВ 0%
Гласањето е затворено
  
Ливадџија

ОСТАВИ КОМЕНТАР

  • Hема коментари
  • Hема коментари
  • HTML Snippets Powered By : XYZScripts.com
    Mени