| 26.11.2017. ПО СВЕТОТ

Во четвртокот еден маж кој одел позади една жена во некоја од уличките на Подгорица, така одејќи, се разминале со еден пес, кој вака од снимката не изгледа на ништо посебно, но во моментот кога мажот се обидел да ја ограби госпоѓата и ја фаќа за рака, е тогаш песот стапува на сцена како вистински суперхерој!

На фејсбук овие денови е објавена снимка во која е забележан моментот каде маалскиот џука ја одбранува една жена од обидот за грабеж. Мажот е во жолта јакна, ќе го препознаете на снимката, каде се гледа како оди позади жената натоварена со кеси, а откако двајцата поминуваат покрај кучето кое си седи на улицата, ја зграбува за рака и се обидува да ја ограби. Тука стапува на сцена и кучето, кое скокнува на мажот, кој потоа фаќа магла пред да остане без некој екстремитет.

Станува збор за куќе бездомник, кое како што велат станарите од оваа улица во населбата Стар Аеродром, ги познава добро и ги разликува од оние кои се таму на ”поминување”. А да, херојот се вика Медо! Браво Медо!

 
 

Споделете ако ви се допадна постот!

(0)

  
 

Тим ЗА -0%
 
 
Тим ПРОТИВ 0%
Гласањето е затворено
  
Ливадџија

ОСТАВИ КОМЕНТАР

  • Hема коментари
  • Hема коментари
  • HTML Snippets Powered By : XYZScripts.com
    Mени