| 16.03.2018. ПО СВЕТОТ

Откако минатиот месец целиот свет дозна за приказната околу наставникот од Гана, кој на учениците им предаваше информатика без компјутери, Ричард Апија Акото, почна да добива придобивки од својата неочекувана медиумска популарност.

Кога фотографиите кои ги објави наставникот од Гана го обиколија светот, многумина му ветија компјутери, а сега донациите почнаа да пристигнуваат.

Луѓе и организации донираат компјутери и лаптопи во училиштето, а како дел од ветувањето на „Мајкрософт“, Акото отпатува во Сингапур на бесплатна едукација.

 
 

Технолошкиот гигант вети дека ќе го опреми со компјутери училиштето на Акото, како и тоа дека ќе им овозможи пристап до Microsoft Certified Educator, програмата за професионален развој.

  
 

Во училиштето досега стигнале две донации, а Акото ги објави фотографиите на социјалните мрежи.

(0)

 
loading...
 

Тим ЗА -0%
 
 
Тим ПРОТИВ 0%
Гласањето е затворено
  
Ливадџија

ОСТАВИ КОМЕНТАР

  • Hема коментари
  • Hема коментари
  • HTML Snippets Powered By : XYZScripts.com
    Mени