| 25.10.2017. ПО СВЕТОТ

“Ако сакате да живеете среќен живот, поврзете го со цел, а не со луѓе или работи”.

Теоретскиот физичар Алберт Ајнштајн е повеќе од само брилијантен научен ум и кул постер фаца за на маици. Тој, исто така, имал многу мудрост да сподели, особено кога станува збор за потрагата по среќата, а две неодамна откриени белешки, кои се датирани од 1922 година, го докажуваат ова уште еднаш. Презентирани од продавач во Хамберг кој одлучил да остане анонимен, забелешките нудат едноставни зборови по кои треба да се стремиме, а со тоа тие се релевантни дури и денес, 95 години подоцна.

Додека бил на предавање во Јапонија, Ајнштајн останал во Империал Хотелот во Токио, каде што дошол курир за да му даде порака. Се вели дека Ајнштајн не сакал работникот да замине без бакшиш, но локалните јапонски обичаи го онемозвожувле курирот да прифати – или можеби Ајнштајн едноставно снемал нешто ситно да му даде, сеедно…

 
 

Наместо паричен бакшиш, тој одлучил да му напише на курирот пораки, потег што можеби бил инспириран од неговата сè поголема слава, бидејќи бил фаворит да ја добие Нобеловата награда за физика, а неговото име станало познато и надвор од научната заедница.

Тој на курирот рачно му напишал две белешки на германски јазик, првиот на обична хартија, а вториот во промотивно тефтерче од хотелот.

Пораката од промотивното тефтерче гласи:

  
 

“Тивок и скромен живот носи повеќе радост отколку потрага по успех врзан со постојани немири”.

И пораката на обичната хартија:

“Каде има волја, има начин”.

 
loading...
 

Ајнштајн ги потпишал и датирал белешки и ја открил неговата локација во главниот град на Јапонија.

Гал Винер, сопственик и менаџер на аукциската куќа на победникот во Ерусалим, прикажува две белешки напишани од Алберт Ајнштајн во 1922 година, на хотелски стационар од Империал Хотелот во Токио Јапонија

Според продавачот, Ајнштајн исто така, му кажал на курирот: “Можеби, ако имате среќа, тие белешки ќе станат многу повредни отколку само обичен бакшиш”.

Аукцијата на белешките ќе се одржат денес (среда, 25 октомври) во Аукциската куќа на Винер во Ерусалим и ќе ги придружуваат уште две писма што Ајнштајн ги напишал во подоцнежните години.

(89)

Тим ЗА -0%
 
 
Тим ПРОТИВ 0%
Гласањето е затворено
  
Ливадџија

ОСТАВИ КОМЕНТАР

  • Hема коментари
  • Hема коментари
  • HTML Snippets Powered By : XYZScripts.com
    Mени