| 26.11.2017. ПО СВЕТОТ

Финската пекарница Fazer го лансираше првиот леб на светот кој се изработува од инсекти и кој им е понуден на купувачите во продавниците.

Лебот е направен од брашно во кој се ставени мелени исушени штурци како и семки, па на тој начин содржи повеќе протеини од пченичниот леб. Секој леб содржи 70 штурци и чини 3.99 евра што е едно до две евра повеќе од нормалниот леб.

„На потрошувачите им нуди добар извор на протеини и на едноставен начин се запознаваат со храна од инсекти“, смета водителот на иновацијата Јухани Сибаков.

 
 

Барањата за наоѓање нови извори на храна и желбата кон животните да се однесуваме похумано го зголемија интересот за користење инсекти како извор на белковини во неколку западни земји.

Во ноември Финска им се придружи на земјите како Британија, Холандија, Белгија, Австралија и Данска во издавање дозволи за одгледување инсекти и нивно користење во производство н храна.

Сибаков вели дека Fazer го осмислил лебот со штурци уште минатото лето, но морал да почека на усвојување прописи за да може да излезе на пазар.

  
 

Обединетите нации проценуваат дека најмалку две милијарди луѓе во светот јадат инсекти, а од нив 1.900 видови се користат за прехрана.

(0)

 
loading...
 

Тим ЗА -0%
 
 
Тим ПРОТИВ 0%
Гласањето е затворено
  
Ливадџија

ОСТАВИ КОМЕНТАР

  • Hема коментари
  • Hема коментари
  • HTML Snippets Powered By : XYZScripts.com
    Mени