| 02.03.2018. ЕВОЛУЦИЈА

Џејми Оливер на крајот на 90-тите во своето кулинарско шоу „Голиот готвач“ ја шармираше публиката со опуштениот пристап кон храната и детската насмевка. Набрзо стана омилено лице од телевизискиот екран, а потоа тргна во бизнис водите. Но, се чини дека улогата на претприемач не му оди толку добро како улогата на славен готвач, бидејќи неговото кулинарско царство се најде на работ на пропаста.

Неодамна го потврди затворањето на 12 од вкупно 37 ресторани од франшизата „Џејмис Италијан“, а британските медиуми се распишаа за тоа дека е во долгови до грло. Според пишувањето на „Сан“ Џејми должи дури 71,5 милиони фунти што вклучува плаќање данок, ќирии за простор и исплати на добавувачите. Исто така, на своите вработени им должи 2,2 милиони фунти.

Како се случи еден од најславните готвачи на светот да се најде во таква ситуација?

 
 

Првиот ресторан го отвори во 2008., кога веќе беше познат од своите емисии и книги кои ги издавал, а со нив доживеа голем успех. Царството брзо се ширело, а своето име го брендираше и лепеше на колекциите со садови, ресторани, револуцијата за здрава исхрана која сакаше да ја воведе во училиштата, а издаде дури и свој магазин. Набрзо се најде на листата на најбогати Британци помлади од 30 години на која го вброи „Сандеј тајмс“. На врвот на кариерата имаше дури 42 ресторани со италијанска кујна ширум Англија и многу ресторани во странство.

По таквиот молскавичен успех, веста за пропаѓањето на неговиот бизнис ја изненади јавноста. Уште во 2014 година поради лошото работење мораше да затвори три од четирите свои ресторани „Јунион Џекс“ каде што се послужуваше британска храна, а последниот го затвори во март 2017 година. Исто така, во 2014. пропаднаа јадењата од скара „Барбекоа“, само неколку години по отворањето, а неговата месарница ја затвори санитарна инспекција кога во неа најдоа мувла, измет од глувци па и мртви глувци.

Во јануари 2017, затвори дури шест ресторани од италијанската франшиза за што ги обвини тешкотиите на британскиот пазар кои се појавија по Брегзитот. А, по деценија престана да излегува и неговиот магазин „Џејмис“.

  
 

Секој сопственик на ресторанот знае дека станува збор за тежок пазар и дека по Брегзитот ситуацијата уште повеќе се влоши, изјави во таа прилика.

Доктор Паоло Аверс британски стручњак за бизнис за неуспех ја обвинува лошата професионална стратегија на неговата компанија.

Богатството на познатиот „Гол готвач“ се проценува на 150 милиони фунти. Но, ни сите пари кои ги има не можат да го спасат. „Џејми својот бренд го изгради околу своето име, што како стратегија не е лошо. Проблемот се појавува кога повеќе не можете да го поврзате доживувањето во ресторанот со таа личност. Луѓето посетуваат ресторани на познати готвачи со надеж дека тој славен готвач ќе готви токму за нив. Кога тоа нема да се случи, повеќе немаат чувство дека се поврзани со него“, објаснил тој.

 
loading...
 

Самата компанија, пак, смета дека дел од причините за падот лежат во тоа што тие главно отвориле ресторани со италијанска храна каде што конкуренцијата е голема, а често и понудата е поголема.

Целиот сектор се бори со професионалните тешкотии поради проблемите кои ги предизвика Брегзит, односно падот на вредноста на фунтата. Така рестораните мора храната да ја плаќаат поскапо, а за оброците потрошувачите треба да издвојуваат повеќе пари.

„Џејми со цело срце е во сите делови на својата работа. Соработува со менаџерскиот тим на ресторанот, учествува во кампањата против продажбата на енергетските пијалаци на децата и снима нови епизоди од хит шоуто „Брза и лесна храна на Џејми“. Тоа се само некои од неговите моментални проекти“, рекол неговиот портпарол.

Во спасувањето на компанијата вложи дури три милиони фунти од сопствените пари, но ни тоа не му помогна. Минатиот месец морал да затвори уште 12 ресторани, а тоа го чинело дури 450 работни места.

Дали „Голиот готвач“ ќе се извлече од проблемите и ќе застане на нозе, останува да видиме.

(0)

Тим ЗА -0%
 
 
Тим ПРОТИВ 0%
Гласањето е затворено
  
Ливадџија

ОСТАВИ КОМЕНТАР

  • Hема коментари
  • Hема коментари
  • HTML Snippets Powered By : XYZScripts.com
    Mени