loading...
19.05.2017.Јове Кекеновски
08.05.2017.Душан Димитров
| 12.01.2017. ОШТРЕЊЕ

Десетина години, па на назад, многу реномирани светски организации, кои се бават ( на годишно ниво ) со проучување на степенот на образованието, креативноста и интелегенцијата на сите народи кои живеат на просторот на Европа и воопшто, и проучување на повеќето достапни народи, на светско ниво; од година во година, ни соопштуваа фрапантни и загрижувачки податоци – Дека ние како македонци сме редовно меѓу народите ( земјите ) со најнизок коефициент во сите три таргетирани и проучувани области…

Колку што јас паметам, а лесно може да се провери и верувајте ми – не грешам, туку напротив – можеби сум и малку благо наклонет кон нас и нашите; Македонија т.е. македонскиот народ, секогаш била меѓу последните пет во Европа, а на светско ниво стоевме полошо и од пласманот на македонската фудбалска репрезентација на годишната ФИФА ранг-листа…

Но по стар добар обичај, никој од нас, тие анкети не го загрижуваа, ниту некој ги третираше студиозно и аналитички, најчесто ќе се измислеа неколку лоши шеги и неколку интересни твита, и се‘ завршуваше на тоа… Ако и некој ја бараше причината за таквиот резултат; сосема погрешно – а типично македонски; причината ја пронаоѓаше во тие што “проценувале“ а не во нас “проценуваните“… Во контекст: “Целиот свет, цела Европа, не мрази, бидејки сме потомци на Александар, и нивните цивилизации се многу помлади од нашата – нај старата, библиската, “од амебите“…“

Ах, бе македонче, македонче… е па чорба! Чорба! Што очекувавме ние?!

… И сега се чудиме, дека покрај се, при една кристално чиста ситуација, во една од нај сиромашните земји во Европа, со нај загаден воздух, каде во водата има отров ( арсен ), земја со највисок морталитет на новороденчиња, во земја каде ретко кој на своја кожа не осетил: Неправда, нефукционирање на сите државни институции – топтан, не осетил глад, не осетил протекционизам, корупција, понижување, “легален рекет“, извршители, мобинг, митаџиштво, уценување… Згора на тоа – ретки се тие, скорто и да ги нема, кои не чуствуваат на своја кожа, како секојдневно, ти маршираат по нервите и ти ја навредувасат “здравата интелегенција“, една цела “армада“ од партиски војници, па се до – највисоки партиски моќници… Дека во земја, каде нема семејство каде барем еден член, каде она нај мило, не е при тебе, туку исклучиво ради некој голем зорт, е заминато гурбет!

Во една ваква ситуација, каде недвојбено си убеден, дека – И слепиот би прогледал и би успеал да ја види вистината! И глувиот ќе слушнеше и ќе разбереше. Дека и немиот, од мака, од бес, од што неможе веќе да трпи, би крикнал: “Нема правда-нема мир!“ Ние, сепак, се уште имаме околу 400 000 луѓе кои својот глас го дале за човек за кој знаеле дека: Им ги краде парите! Дека чекор по чекор, закон по закон, санкција по санкција, се повеќе и повеќе, веќе дрско и отворено, им ги укинува основните човечки права и слободи! Дека од граѓански права и слобода на говор, има само ‘мртва буква“ врз “тоалетна хартија“!

Дека тој кој уште сакаат да им “царува“, е директно виновен за прогон и убиства на многу луѓе чија единствена вина била што не размислувале како него или не сакале да учествуваат во неговите криминални зделки…

Гласаат за човек, за кој знаат дека им украл, и ним лично, 8 милијарди евра, дека украл 8 000 000 000 евра – пари на овој македонскиот народ, на сите до еден граѓанин на оваа земја, и ги скрил на свои сметки во банки по мали егзотични островца, ширум белосветските океани.

Тие знаеле дека човекот е криминалец и дека македонската ( а и пошироко, и балканската мафија ) ја раководи неговиот братучед ( кој воедно е и главен човек во државна безбедност и полицја )… знаеле!!! Знаеле и пак гласале за него!

И оди сега и прашај ги – Зошто!? Зошто бе луѓе!? Зошто бе македонци!?

Што би бил нивниот одговор: “Бегај! Што ти е гајле!? Кој те пратил да ме прашаш!?“ – Значи, или нај безобразно ќе те изигнорираат. Или ќе ти кажат нешто, што барем сами да го смислиле, туку им го смислил некој “ЛЕШПЕР“, за да знат што да одговорат, ако некој “платенички новинар“ им постави такво “предавничко“ прашање… …И ќе добиеш нешто налик на вакви одговори ( повеќето од “одговорите кои следат“ се мои ипровизации и претпоставки, на тоа што веќе го слушаме или допрва ќе го слушнеме како можен одговор ):

“ТРЕВА ЌЕ ПАСАМ – АМА ЗА ВМРО ЌЕ ГЛАСАМ!“

“ПОДОБРО СИРОМАШТИЈА – ОТКОЛКУ ФЕДЕРАЛИЗАЦИЈА!“

“МОЖДА КРАДАТ И МАВААТ – НО ИМЕТО НЕ ГО ДАВААТ! “

“ЗА ВМРО КОЈ НЕ ГЛАСА – ТОЈ Е ПРЕДАВНИК И ГНАСА!“

“ГРУЈО ВИ БИЛ ЛОШ? – ПА ЗА ВАС Е САМО ЌОСЕТО СО НОЖ!“

“САМО ЗА ВМРО ГЛАС – Е ОД КЛЕТИОТ ШИПТАР СПАС!“

И за крај, како јагодка на шлагот би дошла парафраза на “онаа“ од “оноа“ време:
‘ШТА ЈЕ ВИШЕ КЛЕВЕТА И ЛАЖИ – ГРУЈО НАМ ЈЕ МИЛИЈИ И ДРАЖИ!

. . . . . . . . .

И на крај, како заклучок, би се вратил на анкетите со кои го започнав писанието.

Мислам дека ако не го земавме сето тоа, без малку, на подбив, и ако барем некој од нас го сватеше проблемот сериозно, и се зафатеше со студиозна, дури и научна, анализа на наведените анкети, кои од година во година, ни алармираа и ни ротираа со црвено светло, при тоа испорачувајки загрижувачки податоци – Дека сме меѓу нај глупавите, нај не образобваните, нај лесно манипулативните, и мошне не интелегентни народи; како во Европа, така и во целиот свет; и при тоа сме меѓу народите кои се нај лесно подложни на теории на заговор… Тогаш овие преку 400 000, воопшто немаше да бидат тешко предвидлива бројка…. напротив.

п.с.
А очигледно секој Диктатор, па и нашиот Грујо сака да има токму таков народ. Таков каков што сме!!!
Ја знаете, и не е од сега, туку од многу поодамна датира изреката:
ПРОСТ НАРОД – “СИЛНА“ ДРЖАВА!!!

(141)

Тим ЗА -0%
 
 
Тим ПРОТИВ 0%
Гласањето е затворено
  
Југослав Петровски
Livada.mk е концепт на портал/блог каде сите поединци или организации може да објавуваат свои колумни, анализи, отворени писма, искуства, патеписи, хроники, поезија, раскази, рецепти, да објават некој настан во најава или некое свое аматерско или професионално видео. Ги очекуваме вашите материјали преку овој линк за да ги објавиме.

Tags:

ОСТАВИ КОМЕНТАР

  • Hема коментари
  • Hема коментари
  • Mени