Според експертите, продолжувањето на антивладините демонстрации, може да има далекусежни последици, не само за Иран, туку и за целиот регион

„Дел од мене чувствува надеж“, рече Араш Азизи, научен соработник од Универзитетот на Њујорк, далеку од неговиот дом во Иран. „Гледаме како се крева задушениот народ“.

„Но, јас сум повеќе загрижен отколку што имам надеж“, додаде тој.

 
 

Преку 20 лица загинаа, а 450 беа уапсени од почетокот на антивладините протести низ повеќе градови во Иран, наваму, а аналитичарите велат дека доколку продолжат, ќе има влијание не само во Иран, туку и низ целиот регион.

Претежно мирните протести можно е да преминат во судири, а ривалите на Иран гледаат за можност за ослабена држава, според Реза Мараши, директор за истражување во Националниот иранско-американски совет.

Демонстрантите бараат крај на „лошото управување, непотизмот и корупцијата“, рече тој, и изминативе денови повикуваат на пад на владата.

  
 

За разлика од масовните протести во 2009-та година против изборите кои се сметаа за нелегитимни, најновото движење е без јасно водство, и вообичаено отворените активисти во Иран сега се мошне тивки. Сè уште не е јасно дали демонстрациите ќе продолжат со исто темпо, како и минатата недела. Ако тоа се случи, според Мараши, премногу е рано да се предвиди исходот.

Протестите во 2009-та траеја со месеци, но на крајот, безбедносните сили ги задушија. Илјадници лица беа уапсени, а десетици убиени, по што резултатите од изборите беа потврдени.

Актуелните протести важат за значително помали, но се одржуваат во поголем број градови, рече Мараши.

 
loading...
 

Ривалството меѓу Иран и Саудиска Арабија

Иран е вмешан во прокси-војни со Саудиска Арабија во Сирија и Јемен, како и во финансирање на Хезболах. Иран воедно е и клучен играч во Ирак и неговата внатрешна политика има потенцијал да влијае на речиси секој агол во регионот.

Меѓу поплаките на демонстрантите се огромни суми пари испратени во странство, додека луѓето дома се гладни.

Изминативе две години, тензиите меѓу Техеран и Ријад се заострија, а иранските официјални лица ги обвинија Саудиска Арабија, САД и Велика Британија за вмешаност во протестите.

„Ова е смешно тврдење и без основа“, рече Марк Фицпатрик, од Меѓународниот институт за стратешки студии. „Апсурдно е бидејќи Саудијците имаат мало влијание во Иран“.

Последниве денови демонстрантите почнаа да бараат пад владата, скандирајќи „Смрт за диктаторот!“ и „Свештениците треба да си заминат!“ За главните ривали на Иран, ова предизвика шпекулации или можеби надеж, дека иранската влада ќе падне или ќе биде оштетена.

За Саудиска Арабија, ова може да значи промена на регионалната моќ кон Ријад, бидејќи влијанието и способноста на Иран да се справи со регионалните конфликти може да се намали, вели Калед Алмина, саудиски политички и медиумски експерт.

„Предолго, Иран се меша со други држави“, додаде тој.

Закана од насилство за неизвесна иднина

Ако минатото е показател за иднината, овие протести, ако продолжат, најверојатно ќе доведат до насилни мерки, вели Азизи од Универзитетот на Њујорк. И додека многу демонстранти изразија подготвеност да ризикуваат физичка сила, за да ги постигнат своите цели, допрва треба да се појави каква било алтернатива на сегашната влада.

Насилството на иранските улици, исто така, може да ја зголеми заканата од судири во другите делови на регионот, според Јосефа Иванка Веселс, виша научна соработничка на Универзитетот Лунд во Шведска.

„Има големи изгледи за крвопролевања, а ако тоа се случи, домино-ефектот што би уследил, би можел да создаде уште една променлива и опасна ситуација во и онака бурниот и опасен регион“, вели Веселс.

Сепак, многумина во Иран се надеваат дека протестите ќе инспирираат вистински промени по секоја цена, според Азизи.

„Луѓето прашуваат колку долго ќе продолжиме да го одржуваме овој бизарен режим кој ја презема нашата крв и богатство за да преживее“, рече овој експерт.

Вистинска промена?

Иранскиот претседател Хасан Рухани, на кого се гледа како на прогресивен и демократски избран лидер, говореше за правото на јавноста да ги изрази своите поплаки, но истовремено минимизирајќи го значењето на протестите.

Во меѓувреме, други ирански лидери истакнаа дека на одредени лица уапсени на протестите можно е да се соочат со смртна казна.

Ако демонстрантите не одговорат на оваа закана и ако нема алтернативно раководство, некои аналитичари велат дека дури и континуираните протести, нема да имаат непосредно влијание.

„Режимот има целосна контрола врз сите безбедносни сили, како и врз судството, комуникациските мрежи и другите извори на моќ“, рече Фицпатрик. „Не би ме зачудило ако режимот нема да се двоуми да ја употреби својата моќ во случај протестите да зајакнат до точка каде би се сметале за закана за власта“.

Во контекст на долготрајната внатрешна борба на Иранците за граѓански и политички права, овие протести се значајни, додаде Мараши од Националниот иранско-американски совет.

„Иранците се стремат кон демократија, а не кон револуција”, рече тој.

mk.voanews.com

(0)

Тим ЗА -0%
 
 
Тим ПРОТИВ 0%
Гласањето е затворено
  
Ливадџија

ОСТАВИ КОМЕНТАР

  • Hема коментари
  • Hема коментари
  • HTML Snippets Powered By : XYZScripts.com
    Mени