| 27.10.2017. ЗДРАВА ХРАНА

Ако некогаш ви се здосади од чипсови, смоки и грисини, овој рецепт е токму она што ќе ви ја разбие монотонијата. Одлични и вкусни крекери со кромид, кои перфектно ќе ви легнат со пијалокот.

Состојки
– 300 гр. брашно
– 100 мл. масло
– 100 гр крем сирење
– 50 гр. кашкавал
– 2 јајца
– 2-3 главици кромид
– 1/2 лажичка пециво
– на вкус сол

– Се сецка кромидот ситно и на малку масло се пржи, кога е готов се трга настрана во решетка и се остава да се исцеди.

 
 

-Во сад се става брашното, пецивото, сол два прстофата, крем сирењето, ситно наренданиот кашкавал, едно јајце малку сол и оладениот кромид. Се меси тесто притоа додавајки од маслото, треба да добиете фино тесто кое не лепи за раката, нека малку се одмори.

Тестото се расукува во потенка кора и со модли за колачи или пак најобичо – земате поголема и помала чаша и исечете прстени со. Наредете ги во плех послан со хартија за печење, премачкајте со разбиеното јајце, посипете одозгора малку сол и ставете да се пече во претходно загреана рерна на 180 степени.

Одлична грицка, па со ладно пиво и тоа како е доброоо…

  
 

Препорака – правете дупла доза… ги снемува за брзина…

(142)

 
loading...
 

Тим ЗА -0%
 
 
Тим ПРОТИВ 0%
Гласањето е затворено
  
The Chef

ОСТАВИ КОМЕНТАР

  • Hема коментари
  • Hема коментари
  • HTML Snippets Powered By : XYZScripts.com
    Mени