| 05.04.2018. ЕВОЛУЦИЈА

Некогаш во иднина нашето небо ќе биде наполнето со машини што ќе брмчат и ќе ни носат нешто што го сакаме или ни треба, од лекови до пици. Но, денес не е тој ден.

Во понеделникот руската поштенска служба тестира испорака со беспилотно летало во градот Улан-Уде, Сибир. Но, беспилотното летало удри во ѕид на зграда во близина и се распарчи.

 
 

Снимка: Science Alert

Русија ги најави своите планови да почне да испраќа пошта со дронови. Изгледа како паметна идеја, особено во таква огромна земја каде што временски услови често ја прекинуваат испораката на пошта.

Беспилотното летало вредно 20.000 долари требало да земе мал пакет и да го однесе во село во близина. Но, направата потфрлила и успеала да помине многу кратко растојание пред да удри во една трикатна зграда. Малата толпа се собрала да го види тестирањето, но никој не беше повреден и тоа не направи никаква штета, освен на гордоста на Русија.

  
 

– Нема да запреме со ова, ќе продолжиме да се обидуваме. Оние што не ризикуваат, не добиваат резултат – изјави Алексеј Циденов, прв човек во регионот кој беше присутен на тестирањето.

И тие ќе ризикуваат. Организаторите не се сосема сигурни што тргнало наопаку, но се сомневаат дека големиот број WiFi места во близина би можеле да имаат нешто со тоа.

Случката со рускиот дрон предизвика разни шеги во американските медиуми, кои пишуваат дека Русија можеби успеала да се вмеша во нивните избори, но барем американските летала работат.

 
loading...
 

(0)

Тим ЗА -0%
 
 
Тим ПРОТИВ 0%
Гласањето е затворено
  
Ливадџија
03.04.2018. The Chef
02.04.2018. Ливадџија
04.04.2018. Ливадџија

ОСТАВИ КОМЕНТАР

  • Hема коментари
  • Hема коментари
  • HTML Snippets Powered By : XYZScripts.com
    Mени