| 28.10.2017. ПО СВЕТОТ

Како прв монументален и бизарен момент од ваков тип за човештвото, деновиве Саудиска Арабија му додели државјанство на робот за време на одржувањето на Иницијативата за идни инвестиции што се одржа во Ријад во средата.

Нејзиното име е Софија, насмеана и извонредно интелигентена креација од Хонгконгската компанија Hanson Robotics. Во видеото што можете да го погледнете подолу, се гледа како Софија застана зад подиумот и ги забавуваше гостите со демонстрација на нејзиниот капацитет за човечко изразување.

“Многу сум почестена и горда на оваа уникатна разлика”, изјави Софија на публиката. “Ова е историски да се биде првиот робот во светот кој ќе биде признат со државјанство”.

 
 

Запрашана во врска со нејзините погледи за иднината на АИ (Вештачката Интелегенција), односно дали роботите треба да бидат самосвесни и свесни како луѓето новата саудијка Софија изјавила: “Сакам да ја искористам мојата вештачка интелигенција за да им помогнем на луѓето да живеат подобар живот”. “Како да дизајнираме попаметни домови, да градиме подобар град на иднината. Ќе дадам се од себе за да го направам светот подобро место “.

Но роботската револуција не застанува тука.

  
 

Во вторникот Саудиска Арабија ги објави плановите за изградба на мега град од 500 милијарди долари, во кој ќе се користи роботиката и обновливите извори на новото градско крајбрежје на Црвеното Море.

Градскиот проект се нарекува “НЕОМ”, и ќе функционира независно од “постојната владина рамка”.

Саудиска Арабија е во средиштето на економска, социјална и развојна забрзана трансформација без преседан и сега е јасно дека е поотворена од кога и да е за бизнисот, особено за сонувачи, и сето тоа е во контекст на Визијата на Саудиска Арабија 2030 … иновацијата ќе биде главната основа за нашата трансформација и ова е уште еден важен фактор за одржлив економски просперитет и развој за идната генерација на Саудијците и светот “.

 
loading...
 

(90)

Тим ЗА -0%
 
 
Тим ПРОТИВ 0%
Гласањето е затворено
  
Ливадџија

ОСТАВИ КОМЕНТАР

  • Hема коментари
  • Hема коментари
  • HTML Snippets Powered By : XYZScripts.com
    Mени