Нема сомнеж дека настаните од последните 48 часа во Зимбабве го означуваат почетокот на крајот на владеењето на Роберт Мугабе. 37-годишното владеење на диктаторот се одликуваше со невидено страдање, висока инфлација, недостиг од вода, електрична енергија и пари. Милиони Зимбабвејци заминаа од земјата во потрага по подобри можности. Поголемиот дел од оние кои останаа да живеат во земјата, живееја во сиромаштија и болести.

Во збунувачка секвенца на настаните од вторникот и средата, војската ја зазеде државната телевизија ЗБЦ и во обид да го минимизира она што се случуваше рече дека немало државен удар, туку дека акцијата била насочена кон криминалци околу претседателот.

Без оглед војската што војската вели, ова е државен удар.

 
 

Некои граѓани, со право очајни за промени, велат дека ова е најдобриот чекор кон некаква реформа, но тоа не е така. Постојат докази дека оваа интервенција е водена од личниот интерес на воените генерали, а не од национален интерес, што ги прави шансите за некакви економски и демократски реформи мрачни.

Не е тајна дека г-дин Мугабе и неговата партија, ZANU-PF, се непопуларни. Но, армијата, без сомнение, ќе го продолжи владеењето на партијата. На последователните избори од 2000 година па наваму, армијата одигра многу ретроградна улога во местење на изборите и водење на насилни кампањи во име на “националниот интерес”. Истата армија лошо управуваше со приходот од рудниците за дијаманти во градот Чиадзва пред само четири години, упропастувајќи го она што можеше да биде просперитетен економски момент за целата земја.

Армијата молчеше и кога поранешниот потпретседател Џојс Муџуру, популарен ветеран, беше избркан од владата во 2014 година поради тоа што сакаше да се кандидира за претседател. Армијата зазеде став само кога Емерсон Монангава, кој се смета за најдолгиот сојузник на Мугабе од борбата за ослободување па наваму, беше отстранет од функцијата ос страна на господинот Мугабе овој месец. Г-дин Монангава окупираше клучна безбедносна министерска позиција од 1980 до 1988 година и беше во министерството за одбрана од 2009 до 2013 година, пред да биде унапреден на потпретседателската позиција.

  
 

Државниот удар е само одговор на внатрешните борби за превласт во рамките на ZANU-PF. Со месеци, тензијата се гради внатре во партијата откако се обелодени можноста дека сопругата на Мугабе, Грејс, би можела да го наследи, наместо г-дин Монангава. А посебниот однос помеѓу г-дин Монангава и армијата најдобро го објаснува овој пуч. Сепак, најтешко е да се поверува дека секој лидер кој ќе ја преземе власта во вакви услови ќе се залага за демократски реформи.

Ако армијата успешно ја преземе контролата во наредните недели и месеци, не смееме да бидеме измамени да веруваме дека ќе има какво било отстапување од политиката на Мугабе. Со фрактурирано граѓанско општество и раздвојување на опозициските партии, изгледите за такво целосно воено преземање се високи. Поделено и ранливо граѓанско општество е лесна цел за манипулација. Во отсуство на уставен легитимитет – вакуум создаден од страна на г-дин Мугабе – војската ќе побара милост во судот на јавното мислење, исполенто со немирни граѓани кои очајуваат за секој лидер кој ќе им понуди барем и малку подобар живот. Зимбабвејците копнеат по месајански момент и ова е можност за промена од политиката на Мугабе.

Се чини дека пучот во средата е почеток на улогата на централната фаза на војската во политиката на Зимбабве, и не постои гаранција што ќе се случи ако нејзините интереси се загрозени.

 
loading...
 

Последните 48 часа откриваат дека г-дин Мугабе – човекот за кој сите мислевме дека ќе владее до неговата смрт – може да биде соборен; во следните 48 часа ќе се покаже како армијата управува со потенцијалната оставка на Мугабе или отстранување. Покрај извештаите за него дека одбива да поднесе оставка, а армијата ја отфрли делегацијата испратена од претседателот Јакоб Зума од Јужна Африка да интервенира, се повлекуваат борбените линии. Г-дин Монангава, кој оттогаш се врати во земјата, најверојатно, ќе ги испита легитимните опции за да се представи како претседател, со неговите лојални војници покрај него.

За многумина, ова е најдобрата опција – добро позната личност на чело што се бореше во војните за независност – но само времето ќе покаже дали ова ќе функционира. Во најдобро сценарио, г-дин Монангава ќе ја води земјата безбедно на следните избори в година.

Но, ако ситуацијата остане во рацете на армијата, не очекувам вакви избори. На Армијата ќе и треба повеќе време за да создаде позитивен исход за себе. Ова исто така важи и ако г-дин Мугабе ја предаде власта на преодна влада, на која ќе и треба време да се стабилизира и да се подготви за изборите. Армијата ќе го определи и обликува темпото на развојот бидејќи ги штити “националните интереси”.

Предавањето на моќ на војската ќе го остави Зимбабве на милост на многу непредвидлива група која ретко работела во име на народот. И военото раководство најверојатно ќе ги остави луѓето со непредвидлива иднина. Иако војската можеби сака да ја искористи оваа можност за реорганизација на ЗАНУ-ПФ, а потоа да повика на избори, проблемите на партијата не треба да се проблеми на народот.

Најдобрата опција за Зимбабве во моментов е преоден договор со повеќепартиска застапеност за стабилизирање на земјата, со обврска за поддршка од Јужна Африка за да се гарантираат фер избори. Ова може да вклучи коалиција меѓу г-ѓа Муџури, г-дин Монангава, лидерот на опозицијата, Морган Цвангираи и поранешниот министер за внатрешни работи Думисо Дабенгва.

Додека Зимбабвејците ширум светот го слават моментот на олеснување, мораме да запомниме дека иднината изгледа мрачна. Пучевите се регресивен пат за постигнување на демократски цели. Откако ќе се одомаќини армијата, нејзините интереси, а не нашите, ќе бидат приоритет. Сите изгледи за реформа на земјата лежат во враќање на моќта на граѓаните – и во тоа армијата да го почитува цивилниот авторитет.

Глен Мпани – Њу Јорк Тајмс

(66)

Тим ЗА -0%
 
 
Тим ПРОТИВ 0%
Гласањето е затворено
  
Ливадџија

ОСТАВИ КОМЕНТАР

  • Hема коментари
  • Hема коментари
  • HTML Snippets Powered By : XYZScripts.com
    Mени