| 14.11.2017. ПО ДОМА

Најновите истражувања сугерираат дека ракот на дојката може да се појави повторно откако ќе остане неактивен дури и 15 години по успешниот третман.

Жените со големи тумори и рак кои се ширеле на лимфните јазли имале 40 % поголем ризик тој да се повтори. Истражувачите велат дека продолжувањето на третманот со хормонска терапија може да го намали ризикот од повторување.

Научниците го анализирале напредокот на 63.000 жени 20 години. Сите имале најчеста форма на рак на дојка. Ова е тип кој го поттикнува хормонот естроген кој може да ги стимулира клетките на ракот да растат и да се делат.

 
 

Секој пациент добил третмани како што се тамоксифен или ароматаза инхибитори кои го блокираат ефектот на естрогенот или го исклучуваат снабдувањето со хормони.

Иако по пет години од третманот нивниот рак го нема, во текот на следните 15 години голем број на жени откриле дека нивниот рак всушност се ширел низ нивното тело – кај некои и по 20 години од дијагнозата.

Жените кои првично имале големи тумори и рак кои се ширеле на четири или повеќе лимфни јазли биле со најголем ризик од рак што се враќа во следните 15 години, се вели во студијата. Жените со мали, ниско-квалитетни карциноми и без ширење во лимфните јазли имале многу помал ризик од рак, само 10% во истиот период.

  
 

Водечкиот истражувач, д-р Хончоан Пан, од Универзитетот во Оксфорд, вели: “Неверојатно е дека ракот на дојката може да остане заспан толку долго, а потоа да почне да се шири многу години подоцна, со тоа што ризикот останува ист година по година и сеуште е силно поврзан со големината на оригиналниот рак и фактот дали се проширил на (лимфните) јазли.”

Докторите веќе долго време знаат дека употребата на тамоксифен пет години го намалува ризикот од повторна појава за околу една третина во петте години по прекинот на лекувањето. Неодамнешните истражувања покажаа дека продолжувањето на терапијата со хормон на 10 години може да биде поефикасно во спречувањето на повторното појавување на ракот на дојката и смртта.

Се верува дека инхибиторите на ароматаза, кои се делотворни само за жени по-менопауза, се уште поефикасни.

 
loading...
 

Но, секако постојат и несакани ефекти со хормонските третмани кои можат да влијаат на квалитетот на животот на пациентите и да предизвикаат тие да престанат да земаат апчиња.

Тие вклучуваат менопаузални симптоми, остепороза, болки во зглобовите и синдром на карпален тунел.

(203)

Тим ЗА -0%
 
 
Тим ПРОТИВ 0%
Гласањето е затворено
  
Ливадџија

ОСТАВИ КОМЕНТАР

  • Hема коментари
  • Hема коментари
  • HTML Snippets Powered By : XYZScripts.com
    Mени