| 23.11.2017. ЕВОЛУЦИЈА

Човек што се сомнева дека земјата е елипсовидна, или нагалено како што ги викаме – рамноземјаши, има изградено ракета за која се надева дека ќе го лансира доволно високо за да го разоткрие еден од најфундаменталните факти во светот.

Наука истражувана половина милениум не е доволна за да го разубеди “Лудиот” Мајк Хјуз и неговиот сон, и тој е решен да оди. 61-годишниот возач на лимузина од Калифорнија планира да се лансира во текот на викендов.

Тој ја изградил својата ракета која е на погон со пареа, користејќи старо железо и проценува дека чини негде околу 20.000 долари. Планот е тој да се катапултира околу една милја во височина со брзина од околу 500 милји на час, ризикувајќи си го животот на небото над пустината Мохаве.

 
 

Рамноземјашот за медиумите изјави дека не верува во науката, што нели, сосема е природно чим си рамноземјаш, но вели дека знае за аеродинамиката и динамиката на течностите и за тоа како работите се движат низ воздухот, за потребната големина на ракетните млазници и засилувањето. Но, тоа не е наука, тоа е само формула, и според него нема никаква разлика меѓу науката и научната фантастика.

Секако, можеме да кажеме дека ракетната наука често е потврда за сложена научна мисла, дефинитивно, ненаучното образложение е основата на оваа мисија. Хјуз го отфрла општиот консензус дека Земјата е сферична, а неговиот лет е спонзориран во голема мера од група наречена Истражувачи на рамната Земја. Надевајќи се дека ќе биде точна неговата теорија за Земјата, Хјуз рече дека неговата цел е да се искачи доволно високо за да може да собере докази што го побиваат широко прифатениот факт за тркалезна земја.

Сепак, ова нема да биде прво вакво патување за г-дин Хјуз. Тој, наводно, се упатил кон небото во Аризона во 2014 година, за што рече дека се здобил со повреди што го онеспособиле со недели.

  
 

Но, минатите несреќи не го поколебале г-дин Хјуз. “Ако не сте уплашени до смрт, вие сте идиот”, изјави тој. “Сакам да направам извонредни работи што никој друг не можел да ги направи, и никој во историјата на човештвото не дизајнирал, изградил и полетал во своја ракета”.

Ние само сакаме во оваа прилика да му посакаме на г-дин Хјуз, многу среќа, успех и бериќет во претстојниот лет и побивањето на теоријата дека земјата не е сферична. И да ни се врати. Жив и здрав. Зошто светот ќе биде многу подосадно место без рамноземјаши од негов калибар.

 
loading...
 

Сподели го постот ако ти се допадна!

(2)

Тим ЗА -0%
 
 
Тим ПРОТИВ 0%
Гласањето е затворено
  
Ливадџија

ОСТАВИ КОМЕНТАР

  • Hема коментари
  • Hема коментари
  • HTML Snippets Powered By : XYZScripts.com
    Mени