| 26.04.2018. ЕВОЛУЦИЈА

Раните предци на луѓето научиле да одат многу порано од она што претходно се сметаше, и тоа во периодот кога се уште личеле на мајмуни и во просек биле високи околу 1,5 метри.

Меѓутоа, се уште се дискутира за тоа, дали нашите најстари предци оделе исправено како современите луѓе или пак чекореле, во нешто невообичаена положба, клечејќи како шимпанзо или горила.

Сепак, анализи на отпечатоци на стапала откриени во Африка, укажуваат на тоа дека луѓето оделе потполно исправено пред 3,6 милиони години.

 
 

Тоа значи дека „Mајката на современиот човек“ – познатата Луси, за чиј скелет е заклучено дека бил стар 3,2 милиони години кога е откриен, можеби одела исправено како и ние денеска.

Тим на научници од универзитет во Аризона анализирале отпечатоци на стапала пронајдени пред две години во местото Лаетоли, во Танзанија, и заклучиле дека древните луѓе, зад кои останале овие отпечатоци, им припаѓале на врста наречена Аустралопитекус афаренсис.

Машките припадници на оваа заедница биле просечно високи околу метар и половина, а женските околу 1,1 метар.

  
 

Тие имале рамни носови, слични на оние на мајмуните, како и спуштени истурени вилици.

Мерките на длабочината на нивните отпечатоци на стапалата, укажуваат на тоа дека нашите предци оделе исправено и со испружени нозе.

„Нашите податоци укажуваат на тоа дека, пред 3,6 милиони години, земајќи ја во предвид разликата во величината, пралуѓето оделе на начин многу сличен на денешниот. Иако постојат разлики во нијанси, генерално тие изгледале и се движеле многу слично на нас“, вели главниот автор на истражувањето, доктор Дејвид Рајхлен.

 
loading...
 

(0)

Тим ЗА -0%
 
 
Тим ПРОТИВ 0%
Гласањето е затворено
  
Ливадџија

ОСТАВИ КОМЕНТАР

  • Hема коментари
  • Hема коментари
  • HTML Snippets Powered By : XYZScripts.com
    Mени