loading...
loading…
11.09.2017.Ливада.мк
18.09.2017.Ливада.мк
21.09.2017.Ливада.мк


| 11.09.2017. ДЕШАВКИ

Date : 15.09.2017. - 16.09.2017.
Location : Скопје
Venue : МКЦ
Start : 21:00
Price : Free

Повод за разговор со Мариа е деветото издание на БОШ фестивалот кој годинава имавме прилика еднаш да го видиме во Скопје (МКЦ). Претстои уште еден настан на 15 септември, исто така во МКЦ, а во октомври, во Гевгелија.

Што ќе се случува на 15 септември во МКЦ?

Вториот настан како дел од БОШ 9, во соработка со МКЦ, насловен како „Разглас“. Концерти ќе имаат Дон Плеја и Клопка за Пионира. Во едицијата Ремек Дела овој пат како автор го претставуваме Миле Ничевски, кој е автор на цртежот од постерот, а дизајнот на постерот е на Јоана Marcade Mot.

Можеш ли поубаво да ни објасниш што претставува Ремек Дела?

Ремек Дела е едиција во која претставуваме наши и странски автори. Издавање на независни цртачи на сито печат, во различни формати.  На првиот настан годинава кој се реализира во соработка исто со МКЦ, како дел од БОШ 9, го претставивме Кирчо Арсовски, кој беше автор на цртежот од постерот со наслов „Глас“, на овој е Миле Ничевски, на следниот во Гевгелија ќе ги видиме делата на Игор Хофбауер и Бруно Толиќ од Хрватска. Во план е печатена верзија во вид на книшка, во која ќе бидат застапени сите автори кои влегле во едицијата со по неколку нивни цртежи.

Дон Плеја и Клопка за Пионира? Интересна комбинација, своевидна експлицитност во различна форма. Дон Плеја за прв пат на БОШ, а Клопка настапувале на БОШ во Гевгелија. Можеш ли да ни дадеш некоја релација помеѓу БОШ и Клопка, некој стих од нивните песни, што те поврзува?

Да, Клопка наставуваа 2013 на БОШ, за мене необичен бенд, институција, самиот сензибилитет би рекла дека е релацијата БОШ – Клопка и тука не можеме да збориме за омилени стихови, него песни, албуми…

Зошто БОШ во Скопје, дали БОШ се дислоцира во Скопје?

Не, БОШ не се дислоцира во Скопје. Настаните што се прават во Скопје под капата на БОШ, се промо настани и немаат врска со дислоцирање на фестивалот. БОШ во Гевгелија ќе има во октомври, како еднодневен настан. Едноставно годинава така се поставија работите…

Што научи во текот на овие 9 години работа со фестивалот?

Дека постојат добри и лоши луѓе, способни и неспособни, храбри и плашливи, професионалци (не само на тапија) и аматери. Научив дека првенствено, љубовта, посветеноста и идеите го вртат светот, не парите…

(97)

Тим ЗА -0%
 
 
Тим ПРОТИВ 0%
Гласањето е затворено
  
Ливада.мк
Livada.mk е концепт на портал/блог каде сите поединци или организации може да објавуваат свои колумни, анализи, отворени писма, искуства, патеписи, хроники, поезија, раскази, рецепти, да објават некој настан во најава или некое свое аматерско или професионално видео. Ги очекуваме вашите материјали преку овој линк за да ги објавиме.



22.09.2017. Душан Димитров
Марјан Тодоровски
Ливада.мк

ОСТАВИ КОМЕНТАР

  • Hема коментари
  • Hема коментари
  • Mени