11.12.2017.Ливадџија
15.12.2017.Ливадџија
01.12.2017.Ливадџија
| 22.12.2017. ДЕШАВКИ

Date : 28.12.2017. - 30.12.2017.
Location : Скопје
Venue : ГТЦ
Start : 12:00
Price : Free

Почитувани

Со особена чест сакаме да Ви го најавиме почетокот на она што планираме да значи заживување на еден од омилените објекти на скопјани. Имено, на 28ми, 29ти и 30ти Декември ќе се одржи хепенинг под наслов “Размрдај го ГТЦ”, на кој ќе настапат некои од нашите најголеми музички уметници, како и млади бендови и dj-и. Посебен дел во секој од овие денови ќе биде посветен и на најмладите, за кои подготвивме специјална детска програма, со задолжителните дедомразовци и многу други изненадувања. Периодот од 10 години во кои речиси и ништо да не се случуваше во Градскиот Трговски Центар, конечно ќе заврши, а новогодинешните празници и еуфоријата која со себе ја носи овој период од годината, е идеален за почеток на креирање на новиот дух на ГТЦ. 


Настанот ќе се одржи на две сцени (по една на двата влеза), и тоа – на влезот од кај плоштад Македонија ќе биде главната бина, додека на влезот кај Соравија е dj сцената.

 
 

Распоред на програмата:

28.12. (четврток)
*Главна сцена:
– Детска програма (12-13ч)
– Бени и Нон Стоп (13-15ч)
– The Ringtones (15-17ч)
*Dj сцена:
– Мартин (Antenna5) (12-14.30ч)
– Вера Јанкович (14.30-17ч)

29.12.(петок)
*Главна сцена:
– Детска програма (12-13ч)
– ДНК (13-15ч)
– Thea and the Band (15-17ч)
*Dj сцена:
– Маци Стојанович (12-14.30ч)
– Irie Scratch (14.30-17ч)

  
 

30.12 (сабота)
*Главна сцена:
– Детска програма (12-13ч)
– Златко Ориѓански & Бени (13-15ч)
– Bendover (Кума и Црни) (15-17ч)
*Dj сцена:
– Драган б. Костиќ (12-14.30ч)
– Цена (14.30-17ч)

Водител на програмата: Нора Шаќири

(0)

 
loading...
 

Тим ЗА -0%
 
 
Тим ПРОТИВ 0%
Гласањето е затворено
  
Ливадџија

ОСТАВИ КОМЕНТАР

  • Hема коментари
  • Hема коментари
  • HTML Snippets Powered By : XYZScripts.com
    Mени