| 22.03.2018. ЗДРАВА ХРАНА

Кога ќе имате потреба од нешто сласно, крцкаво и здраво, рибата е секогаш добар избор. Плус, ако и посветите малку поголемо внимание за подготовка, на уживањето ќе му нема крај.

Пилешките прсти за ручек заменете ги со овие крцкави пилешки филети во пивско тесто – брзо, а вкусно. Со комбинација на омилената салата, за помалку од половина час ќе имате совршен летен ручек.

Потребни состојки:
– Масло за пржење
– 2 лажички сушена пиперка
– 4 филети риба (ослиќ или панга)
– 2 лажички сол
– ½ лажица бибер или друг зачин по желба
– 200g брашно
– 1 јајце
– Светло пиво

 
 

Подготовка:
Рибата измијте ја, исушете ја и зачинете ја. Загрејте ја фритезата или зејтинот во длабоко тенџере и подгответе покрупна цедалка. Помешајте го брашното, сушената пиперка, солта и зачинот. Изматете едно јајце во смесата. Постепено додавајте пиво додека не добиете смеса слична на онаа за палачинки.

Рибата исечкајте ја на филети и тенките филети обложете ги со пивската смеса. Пржете неколку минути, додека смесата не зарумени.

Потоа, филетите риби наредете ги на салфетка да се исцедат и послужете со салата.

  
 

На здравје!

(0)

 
loading...
 

Тим ЗА -0%
 
 
Тим ПРОТИВ 0%
Гласањето е затворено
  
The Chef

ОСТАВИ КОМЕНТАР

  • Hема коментари
  • Hема коментари
  • HTML Snippets Powered By : XYZScripts.com
    Mени