| 14.09.2017. ЕВОЛУЦИЈА

Тешко е да се биде родител. Никогаш не знаете дали постапувате правилно, иако вашата единствена желба е да имате среќно и исполнето дете, кое подоцна ќе порасне во успешен возрасен човек. За жал, многу родители го одбираат најлесниот начин за да го направат своето дете среќно.

Меѓутоа, најлесниот начин не е секогаш најдобриот избор. Проблемот со денешната генерација родители е тоа што мислат дека ако ги опсипуваат децата со подароци секогаш кога ќе посакаат, не можат да погрешат.

На овој начин се создава генерација на неблагодарни и разгалени деца кои мислат дека сѐ што постои на светов им е на безусловно располагање. А како доаѓа до оваа појава? Така што родителите им ја исполнуваат секоја желба на децата.

 
 

Вистина е дека сите родители сакаат нивните деца да бидат среќни и исполнети. Меѓутоа, тоа не значи дека секоја нивна желба треба да биде исполнета. Многу родители непрестано им даваат подароци на децата и неуморно работат за да ги задоволат сите нивни барања и хирови. На секој чекор можете да видите деца како играат игри на Ајфон уште на 5-годишна возраст со главите високо кренати во облаци, бидејќи мама и тато се подготвени да ја исполнат секоја нивна потреба „за да бидат среќни“.

Ова деструктивно однесување ги учи децата дека љубовта се покажува и мери во купените предмети. Набрзо, тие почнуваат да ја учат цената на нештата, но не и нивната вистинска вредност. А има ли нешто повредно од искрената љубов и грижливост? Играчките и уредите сигурно не се повредни.

Ваквиот нездрав став кон животот и неговите вистински вредности го претвора невиното дете во мрзливо, арогантно и разгалено човече кое не може да го согледа вистинското значење на комуникацијата и блискоста со другите. Тоа дете почнува да го дефинира животот според работите што ги поседува наместо според врските што ги остварува со другите луѓе. Ова излегување од колосекот на реалноста ќе ги направи децата пренапорни за останатите и тие никогаш нема да ја разберат љубовта како емоција, туку како процес на давање материјални работи.

  
 

Родителите треба да запомнат дека опсипувањето на децата со подароци можеби ќе ги направи среќни во моментот, но таа среќа нема да трае долго. Смислата на животот е во поминувањето време со луѓето кои ни значат, а не во работите што ги поседуваме. Работата на родителите не е да бидат машини за исполнување желби. Животот не е машина за исполнување желби. Треба да знаете дека некои одлуки нема да им се допаднат на вашите деца и тоа е сосема нормално. Иако најлесниот начин да се справите со нивното незадоволство е да ја исполните секоја нивна желба, најздравиот начин е да разговарате отворено и да ги натерате да ја разберат вашата причина за одлуката да кажете „Не“.

Научете да ги разликувате глаголите „треба“ и „сака“ и објаснете им ја таа разлика на вашите деца. Поминувајте време со нив и зближувајте се. Вистинската љубов е посилна и повечна од кој било материјален предмет.

(19)

 
loading...
 

Тим ЗА -0%
 
 
Тим ПРОТИВ 0%
Гласањето е затворено
  
Ливадџија
Livada.mk е концепт на портал/блог каде сите поединци или организации може да објавуваат свои колумни, анализи, отворени писма, искуства, патеписи, хроники, поезија, раскази, рецепти, да објават некој настан во најава или некое свое аматерско или професионално видео. Ги очекуваме вашите материјали преку овој линк за да ги објавиме.

ОСТАВИ КОМЕНТАР

  • Hема коментари
  • Hема коментари
  • HTML Snippets Powered By : XYZScripts.com
    Mени