| 06.11.2017. ЗДРАВА ХРАНА

На креативноста никогаш крај, особено кога треба да се подготви тесто. Така и за овие ролнички (ролатчиња) со фил од кајмак и богати со путер, кои се посебно вкусни и интересни за око.

Состојки
– 500гр интегрално ржано брашно
– 75 гр путер
– 200 мл млака вода
– 1 лажици овесни трици
– 1 лажички сол
– 1/2 пециво
– 1 лажичка сода
– 2 лажички лимонов сок
– 3 лажици кајмак

Се замесува тесто од наведените состојки и се остава да одмори макс 15 мин, не повеќе! Така ќе се инактивира пецивото и содата. Ако стои подолго, ќе се инактивираат. Тестото се замесува на средно меко, нелепливо на раце и треба убаво се меси околу 5 мин, додека убаво да се врзат состојките и се добие глатко и мазно тесто. Како пример нека ви биде тесто за кифлички (од бело брашно), таква мекост треба да се добие.

 
 

Одкако се одморило тестото, го развлекуваме со сукало на тенка кора. Половина од кората ја премачкуваме со путер, преклопуваме, повторно расукуваме во не многу дебела кора. Така ќе се добие лиснато тестенце, во два слоја. Повеќе не мора, бидејќи се мота во ролат. Правоаголната кора ја премачкуваме со кајмак и мотаме во ролат. Сечеме ролатчиња со дебелина од 2 прста и ги редиме долгнавесто во калап (или по ваш избор). Врз ролатчињата редиме коцкички путер.

Се пече околу 20-25 мин на 200 степени. Контролирајте го печењето!

Не печете на вентилатор, туку со 2 греачи!

  
 

Оставете ги ролатите малку да се изладат и спремни се за дегустација.

Ива

(82)

 
loading...
 

Тим ЗА -0%
 
 
Тим ПРОТИВ 0%
Гласањето е затворено
  
The Chef

ОСТАВИ КОМЕНТАР

  • Hема коментари
  • Hема коментари
  • HTML Snippets Powered By : XYZScripts.com
    Mени