| 19.04.2018. ПО СВЕТОТ

Русија поднесе доказ дека агенсот новичок е произведен и патентиран во САД како хемиско оружје во 2015 година, изјави денеска Александар Шулгин, постојаниот претставник на Русија во Организацијата за забрана на хемиско оружје (ОПЦВ), пренесе Тасс.

Ова го изјави за време на говорот на вонредната седница на Извршниот совет на ОПЦВ за инцидентот во Солзбери, кога беа отруени поранешниот руски разузнавач Сергеј Скираљ и неговата ќерка.

„На 1 декември 2015 година, Канцеларијата за патенти и трговски марки на САД се обрати до руската агенција задолжена за патенти со барање да се провери патентибилноста на пронајдокот направен од американскиот истражувач Т. Рубин, рече претставникот, демонстрирајќи го документот.

 
 

„Овој документ потврдува дека нервните агенси како Новичок не се само произведени, туку се патентирани како хемиско оружје во САД. И ова не е стара приказна, ова се случило пред само неколку години: патентот е датиран од 1 декември 2015 година“, рече Шулгин.

(0)

  
 

Тим ЗА -0%
 
 
Тим ПРОТИВ 0%
Гласањето е затворено
  
Ливадџија

ОСТАВИ КОМЕНТАР

  • Hема коментари
  • Hема коментари
  • HTML Snippets Powered By : XYZScripts.com
    Mени