| 14.03.2018. ПО СВЕТОТ

Туристка од Русија се породи во Египет, на Црвеното море и излегла од водата “како ништо да не се случило”. Трудната русинка отишла на пливање на плажата Ред Си резортот во Дахаба, Египет, недалеку од Шарм ел Шеик заедно со својот сопруг и доктор чија специјалност е породување во вода.

Неверојатните фотографии од моментот кога таткото го изнесува новороденчето од вода, додека докторот ја носи чинијата со плацентата, со која бебето сè уште беше поврзано со папочната врвца, ги документираше Хадија Хосни Ел Саид, од својот апартман.

Само што ги објавила на Фејсбук, фотографиите со неверојатна брзина се прошириле низ светот.

 
 

Хадија вели дека на фотографиите е снимен докторот кој е специјалист за породување во вода, а и фактот дека имале при рака чинија за плацентата покажува дека ова породување беше претходно испланирано.

Неколку моменти подоцна, од морето излегла и мајката им се придружила на останатите членови на семејството, каде било и нејзиното поголемо дете.

Емотивните фотографии оставаат силен впечаток, па не нè чуди што коментарите на социјалните мрежи се позитивни. Идентитетот на жената не е познат, но судејќи по фотографиите, мајката и бебето делуваат здраво.

  
 

(0)

Тим ЗА -0%
 
 
Тим ПРОТИВ 0%
Гласањето е затворено
  
Ливадџија

ОСТАВИ КОМЕНТАР

  • Hема коментари
  • Hема коментари
  • HTML Snippets Powered By : XYZScripts.com
    Mени