| 24.11.2017. ЕВОЛУЦИЈА

Ви звучи нешто како од научна фантастика? Вистина е, американската војска сака да ги распореди растенијата како “следна генерација на разузнавачи”.

Генетски модифицираните растенија може да се користат како самоодржливи сензори кои ќе собираат информации во околини кои не се соодветни за потрадиционални технологии.

Агенцијата за напредни истражувачки проекти за одбрана (DARPA), која е одговорна за развојот на новите технологии во американската војска, ги повика научниците да достават идеи за тоа како да ја искористат моќта на растенијата.

 
 

Во минатото, ДАРПА произведе технологии за собирање информации, како што се сателитите и сеизмограмите кои беа употребени за да обезбедат докази дека советите се држат до Договорот за прекин на нуклеарните тестирања. Но, во оваа нова иницијатива, наречена Програма за напредни растенија (АПТ), агенцијата се обраќа на природниот свет за помош.

“Растенијата се високо прилагодени на нивните средини и природно манифестираат физиолошки одговори на најосновните дразби како што се светлината и температурата, но во некои случаи и допирање, хемикалии, штетници и патогени”, вели д-р Блејк Бекстин, менаџер на програмата АТП.

“Современите молекуларни и моделарни техники може да ни овозможат репрограмирање на овие можности за откривање и известување за широк спектар на дразби, кои не само што ќе отворат нови разузнавачки струи, туку и ќе ги намалат кадровските ризици и трошоците поврзани со традиционалните собирачи на информации”, вели д-р Бекстин.

  
 

Досегашните експерименти со растенија кои биле изменети на овој начин резултирале потешкотии да се населат во природната средина, каде што би биле распоредени. Дополнителниот вирус кој се става на модифицираните растенија за да им даде нови карактеристики, им отежнува да преживеат и да се натпреваруваат со околните растенија. Ова ќе биде клучната област за која новата програма се обидува да најде решение.

Денот на предлагачите ќе се одржи на 12 декември во Арлингтон, Вирџинија. Таму ќе се изложат целите на програмата на ДАРПА и ќе се поднесуваат предлози за истражувачки проекти кои се релевантни за иницијативата.

(0)

 
loading...
 

Тим ЗА -0%
 
 
Тим ПРОТИВ 0%
Гласањето е затворено
  
Ливадџија

ОСТАВИ КОМЕНТАР

  • Hема коментари
  • Hема коментари
  • HTML Snippets Powered By : XYZScripts.com
    Mени