loading...
loading…


| 09.08.2017. ОШТРЕЊЕ

Ниските страсти треба да бидат поразени од разумот на локалните избори.

ВМРО-ДПМНЕ се спрема кампањата за локални да ја води на подигнување ниски страсти на следниве теми:
– Против договорот со Бугарија
– Против Законот за употреба на јазиците
– Против помошта која Македонија треба да им ја пружи на бегалците.

Договорот со Бугарија е одличен договор и за Македонија. Таков договор ова ВМРО на Груевски никогаш немаше да издејствува.
Груевистите ќе играат на омразата и лошите чувства кон Бугарија и бугарскиот народ, кои се остатоци уште од времето на комунизмот.
Законот за јазиците е решавање на голем политички проблем. Таков закон и ВМРО на Груевски им нудеше на ДУИ, за да бидат дел од власта. Доплонително продуцирање на албанофобија од страна на груевистите на СДСМ треба да му дојде како ветер во грб и да го искористи за дополнително рушење на етничките sидови.

Критизерството за помошта која Македонија како држава треба да им ја понуди на бегалците се заснова на исламофобијата, која куририте и останатите режемски медиуми ја продуцираа во голема мерка.

По сите три прашања груевистите себеси се позиционираат на негативната и антицивилизациска страна. Речиси и да нема разлика во нивните позиции од оние на Шешељ во Србија.

Од друга страна, СДСМ досега извојува неколку сериозни победи. Надворешна политика за чиста 10-ка. Укина екстерно, минимална плата 12.000 денари, релаксира меѓуетнички односи. Но и со автогол околу патните трошоци на дел од пратениците во Собранието.

Во секој случај, груевистите се во сериозна дефанзива. За локалните избори СДСМ треба да влезе со ист ентузијазам како за парламентарните, секако дека треба да се прилагоди на контекстот кој е различен од парламентарните, но и сериозно да ги аргументира трите теми на кои ДПМНЕ ќе се обиде да лови поени на ниски страсти. Доколку машината на СДСМ го достигне истото ниво кое го имаше за изборите во декември тоа веројатно ќе биде победа која ова ВМРО ќе го внесе во внатрешни проблеми и нивна маргинализација на политичката сцена. Секако, предуслов е СДСМ да не си пука сам во нога за трката која им следува. Голема победа за Македонија ќе биде поразот на идејата на груевистите да оваа држава ја одржува како темен вилает.

www.plusinfo.mk

(111)

Тим ЗА -0%
 
 
Тим ПРОТИВ 0%
Гласањето е затворено
  
Џељо Хоџиќ
Livada.mk е концепт на портал/блог каде сите поединци или организации може да објавуваат свои колумни, анализи, отворени писма, искуства, патеписи, хроники, поезија, раскази, рецепти, да објават некој настан во најава или некое свое аматерско или професионално видео. Ги очекуваме вашите материјали преку овој линк за да ги објавиме.

Tags:



22.09.2017. Мартин Богатиноски
Душан Димитров
Ливада.мк

ОСТАВИ КОМЕНТАР

  • Hема коментари
  • Hема коментари
  • Mени