| 04.11.2017. ПО СВЕТОТ

Твитер профилот на американскиот претседател Доналд Трамп накратко исчезна во четвртокот, но оттогаш е вратен “во шема“, објави компанијата на социјалниот медиум.

Имено, еден вработен со добра смисла за хумор ја деактивирал сметката на @realdonaldtrump, објавија од Твитер, објаснувајќи дека тоа бил неговиот последен ден на работа. Акаунтот беше недостапен 11 минути, а Твитер сега ќе го истражува случајот. Трамп од друга страна, во свој стил, не изреагира негативно на овој инцидент и со нов твит вчера, тролна на тоа дека овој потег само го покажало влијанието кое го има тој.

Твитовите од г-дин Трамп, кои има 41,7 милиони следбеници, честопати досега предизвикаа контроверзи. Последниов инцидент предизвика дебата за безбедноста на сметката на претседателот, со оглед на потенцијалните последици од натписите што лажно може да му се припишуват на г-от Трамп и што се објавуваат во негово име.

 
 

“Бинг, Бинг, Бинг”
Инаку Трамп му се придружи на Твитер во март 2009 година и има твитнато повеќе од 36.000 пати. Тој активно ја користи платформата за да ги промовира своите политики и исто така, да ги напаѓа своите политички противници и за време на претседателската кампања во 2016 година и откако ја презеде функцијата во јануари.

Во едно интервју тој рече дека кога некој ќе рече нешто лошо за него, тој може да направи “Бинг, Бинг, Бинг на Твитер” – и со тоа да ја заврши работата. Претходно, откако тој директно се закани на Северна Кореја со уништување во заборав во септември, Твитер беше принуден да ја оправда својата одлука дозволувајќи му на тој пост да остане јавен. Оправдувањето беше дека тој твит бил од јавно значење…

Енивеј, откако дечкото ја изразил ултимативната форма на револт кон господинот Трамп со онеспособувањето на неговиот акаунт, настрана тоа, мора да си го поставиме прашањето околу безбедносните аспекти на овие мрежи и протоколите за тоа кој може да активира, деактивира и кој се има пристап до акаунтите. Еве на пример, замислете некој да му ставеше по некој збор во уста на нашиот претседател, кој за среќа нема твитер акаунт, или пак во името на Трамп објави на твитер дека започнува трета светска војна? Не ви е толку пријатна таа помисла, зар не?

(37)

Тим ЗА -0%
 
 
Тим ПРОТИВ 0%
Гласањето е затворено
  
Ливадџија

ОСТАВИ КОМЕНТАР

  • Hема коментари
  • Hема коментари
  • HTML Snippets Powered By : XYZScripts.com
    Mени